12 интересни факти за краставиците

12 интересни факти за краставиците

Краставицата е зеленчук кој честопати се користи во салати, а летниот период таа е и одличен начин за освежување. Но, знаете ли што е тоа што ја прави да биде толку посебна? Погледнете ги овие факти и дознајте интересни нешта што сигурно не сте ги знаеле за овој прекрасен зеленчук.

12 интересни факти за краставиците

1. Тие ви помагаат да го одржите здравјето. Краставиците содржат витамин Б1, Б2, Б3, Б5 и Б6, фолна киселина, витамин Ц, железо, калциум, цинк, магнезиум, фосфор и калиум, додека 95% од нивниот состав е вода.

2. Помагаат при лошиот здив. Притиснете мало парче краставица на горниот дел од устата и држете го со јазикот околу 30 секунди. На овој начин се убиваат проблематичните бактерии.

3. Бледиот слој на краставицата може да отстрани мастило. Тријте ја кожата и полека ќе ги забележите резултатите.

4. Го намалуваат ризикот за развој на одредени видови рак. Се смета дека состојките што ги содржат краставиците може да го намалат ризикот од појава на рак на градите, јајниците, дебелото црево и рак на простата.

5. Помагаат при изгореници од сонце. Изгмечената или исечената краставица е одличен начин да ги третирате изгорениците од сонце.

6. Краставиците се консумирале од многу одамна. Тие најпрво биле одгледувани во античка Индија, околу вториот или третиот милениум пред нашата ера.

7. Постои голема разлика помеѓу внатрешната температура на краставицата и надворешната. Така, разликата во температура може да достигне и до 20 степени.

8. Краставиците уште одамна биле транспортирани од големите истражувачи. Се смета дека Кристофер Колумбо транспортирал краставици во Хаити во 1494 година и ја започнал нивната дистрибуција во „новиот свет“.

9. Во 2010 година светското производство на краставици достигнало до 57,5 милиони тони. Интересно е што 40,7 милиони тони од производството и извозот потекнуваат од Кина.

10. Дејвид Томас од Велика Британија ја произвел најтешката краставица на светот. Таа била со тежина од 12,9 килограми.

11. Краставиците помагаат при подуеност на очите. Киселините коишто ги содржи овој зеленчук имаат способност да го намалат задржувањето на водата и да ја намалат подуеноста на очите.

12. Краставицата била одговорна за појава на салмонела во САД во 2015/2016 година. Центарот за контрола на болести во март оваа година изјавил дека постојат 907 заболени и 6 смртни случаи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар