12-годишно девојче има повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн!
Како може да се одреди дали некој човек е генијалец? Според Менса тестот за интелигенција од Велика Британија, магичниот резултат е 140. Во април 2017 година, 12-годишната Раџгари Пар ја надминала оваа бројка за цели 22 поени. Да, ова девојче постигнало резултат од 162 поени, а тоа е за 2 поени повисоко од резултатите на Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.
Не е лесно да ѝ се придружите на британската Менса. Вашиот коефициент на интелигенција мора да спаѓа во најдобрите 2%. Пар спаѓа во најдобриот 1% од сите луѓе што го имале направено тестот. Таа го има највисокиот можен коефициент на интелигенција за некој кој е помлад од 18 години. Ако тоа не е доволно импресивно за вас, Пар е дел од малкуте 20.000 луѓе ширум светот кои постигнале резултат од 162 поени.
Оваа млада дама не само што е паметна, туку е и многу скромна.
„Среќна сум, но мислам дека не треба да ме споредуваат со Ајнштајн и Хокинг, затоа што тие се навистина одлични, а јас не го мислам истото за себе“, изјавило девојчето.
Татко ѝ, доктор Сураџкумар Пар, го припишува успехот на ќерка му на поддршката што ја добива од страна на нејзините учители во граматичкото училиште за девојчиња. Благодарение на нив, Пар ужива да оди на училиште.
На сите би ни дошла добро ваква инспирација во животот, се согласувате?
Погледнете ги и овие познати личност со висок коефициент на интелигенција.