12 факти за моливите

12 факти за моливите

Автор: Бојана Мандевска

Моливот е прибор за пишување, односно тоа е долгнавесто стапче графит обложено со дрво. Најчесто бојата на дрвото на моливот е жолта. Некои со растењето и заминувањето од училишните клупи ги оставија зад себе и заборавија дека во најраните години се натпреварувале чие моливче е поубаво и пошарено. Ова се неколку интересни факти поврзани со нив.12 факти за моливите 1. Со типичен молив може да се повлече линија долга 35 милји или да се напишат 45.000 зборови.

2. Просечен молив може да биде наострен 17 пати.

3. Од едно 14-годишно дрво „Pinus caribaea“ може да се произведат 2.500 моливи.

4. Повеќе од 14 милијарди моливи се произведуваат во светот секоја година. Тоа е доволно за да се заокружи целиот свет 62 пати.

5. Две милијарди моливи се произведуваат во САД секоја година.

6. Моливите всушност не содржат олово, сивата материја е направена од глина и графит.12 факти за моливите7. Познатите писатели Ернест Хемингвеј и Џон Стајнбек користеле моливи при пишувањето на нивните книги.

8. Моливите немале гумички на нив до пред 100 години, бидејќи наставниците мислеле дека тоа ќе ги охрабри децата да прават грешки.

9. Најголемиот молив во светот е изработен во Њујорк. Неговата должина е 76 метри и чини 20.000 американски долари. Денес се наоѓа во музејот во Сент Луис.

10. Еден од најстарите сочувани моливи е пронајден на покривот на една стара германска куќа и датира од 17 век. Тој молив сега е дел од приватната збирка на „Faber-Castell

11. Најмалиот молив во светот е долг 17,5 милиметри, 5 милиметри тенок и содржи 3 милиметри дебел графит. Направен е од страна на „Faber-Castell“ во ограничена серија од 50 парчиња кои се дадени како Божиќни подароци на селектирана група клиенти.12 факти за моливите12.Graf von Faber-Castell Perfect Pencil“ (лимитирано издание) е најскапиот молив на светот. Моливот е направен од бело злато и дијаманти.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар