12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас - Part 2

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

7. Мајмуните расата „Тамарин“, можеби навистина сакаат да зборуваат

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

Очигледно, мајмуните од расата „Тамарин“ навистина уживаат во комуникацијата. Според една студија објавена во списанието „Zoo Biology“, тие имаат многу комплексен систем на шепотење, крцкање и испуштање звуци, па можеби се и единствените животни коишто можат да шепотат како луѓето.

8. Стаорците можат да возат автомобил

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

Истражувачите од Универзитетот во Ричмонд откриле дека стаорците можат да возат автомобил, да го управуваат воланот и да го контролираат процесот на движење. Ова значи дека стаорците наводно имаат поголеми способности и може да завршат посложени задачи отколку што научниците некогаш претпоставувале, велат новите студии за „New Scientist“.

9. Кравите можат да доживеат промени во расположението, велат истражувачите

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

Однесувањето на кравите станува помалку предвидливо откако ќе пораснат, велат научниците од Универзитетот во Британска Колумбија. На пример, некои крави веднаш ја истражуваат новата околина, новиот предмет или новото човечко лице, но во текот на целото истражување спремни се да останат на истото место.

10. Кучињата можат да уживаат во музика

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

Претпоставката дека кучињата уживаат во музика не е новост, бидејќи многу сопственици се сведоци на пеењето на нивните миленици, па дури и танцувањето заедно со нив. Студијата спроведена од Универзитетот во Глазгов покажала дека класичната музика може да ги смири и да ги релаксира кучињата, а реге и рок музиката може да ги ослободат од стресот и да ги намалат отчукувањата на срцето. Истражувачите претпоставуваат дека тоа е затоа што овој вид музика има ритам сличен на срцевиот ритам на кучињата.

11. Мајмуните споделуваат меѓусебе како луѓето, известуваат научниците

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

Приматолозите од „Yerkes“ откриле нови докази дека мајмуните не само што можат да соработуваат при потрагата на храна, туку се способни и да ја споделат со другите добивката од нивниот труд. Тоа го прават заради чувствителноста за она што им треба на другите и поради чувството на взаемна поддршка.

12. Китовите од расата „Белуга“ ја ценат културата и корените на предците

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

Студиите откриле дека китовите од расата „Белуга“ имаат тенденција да создаваат сложени заедници, да го сфатат и ценат значењето на културата (во облик на информации или обрасци на однесување во рамките на група животни), а исто така им оддаваат чест и значење на предците и семејните наследници. Фактот дека бебињата-китови остануваат со своите мајки повеќе од 1 година, покажува колку се слични човекот и китот.

Можеби сакате да прочитате и за 7-те познати личности кои се вљубиле во животните со кои работеле и одбиле да се одвојат од нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар