12 чудни женски карактеристики на кои мажите не можат да им одолеат
Кога помислуваме на привлечни навики кои жените ги поседуваат, честопати мислиме на оние жени кои се облекуваат атрактивно или пак, на оние кое се однесуваат сензуално. Но, кога станува збор за мажите и за тоа што нив ги возбудува, тогаш се работи за малите навики и уникатните црти кои вистински ја прават жената она што е. Бидејќи, иако мажите изгледаат дека се помалку емоционални и длабоки, тие сепак обрнуваат внимание на малите нешта.
1. Начинот на кој вашата коса се витка совршено околу вашите уши
Во еден магазин напишан од страна на маж, тој објаснува дека поради некоја причина, виткањето на косата околу ушите кај една жена додека ги прави најобичните секојдневни активност, било скоро „ѓаволски“. И покрај тоа што изгледа како чудна работа за забележување, мажите потврдиле дека малите нешта што нашата коса ги прави, нив ги излудува.
2. Изразот на лицето што го правиме додека сме фокусирани
Мажите сметаат дека е фасцинантно како жените ги виткаат своите веѓи кога се обидуваат да се фокусираат на некоја задача или проект. Исто така, изгледа дека тие се заинтересирани и за изразите кои ги правиме додека сме лути, како и додека сме весели.
3. Необичната способност на жените да направат незгодната ситуација да биде помалку незгодна
Мажите размислуваат поразлично од жените и изгледа дека повеќето од нив тоа прилично добро го разбираат. Мажите, на некој начин, не размислуваат додека се во движење, па кога ќе се појави необична ситуација и видат жена која е способна да го извлече најдоброто од неочекуваното, тоа за нив е зачудувачки и инспиративно.
4. Добро негувани раце и нозе
Мажите можат да проценат колку добро се грижи една жена за себе според нејзините видливите делови од телото, вклучувајќи ги и рацете и нозете. Иако можеби нема да забележат дека вашиот лак е во согласност со облеката што ја носите, ќе им падне во очи дека имате добра хигиена и се трудите да изгледате најдобро.
5. Позитивен изглед
Една од најголемите причини за мажот да биде незаинтересиран за една жена или пак да „олади“ од неа, е постојаниот негативен поглед кон светот. Па, доколку сте оптимисти, тие ќе ве гледаат како личност со која е лесно да се биде во близина.
6. Самодоверба
Слично на тоа како мажите ја поврзуваат женската личност со нејзиниот изглед, тие исто така ја земаат предвид и нашата самодоверба. Доколку мислиме дека сме убави и тоа го носиме гордо, тие го забележуваат тоа.
7. Вашиот стил
Мажите обрнуваат внимание на стилот кај жените и го поврзуваат со нејзиниот карактер. Пирсовите и тетоважите оставаат различен впечаток кај различни мажи.
8. Смисла за хумор
Девојката која се смее и има свој начин на кој таа ужива, остава позитивен впечаток кај мажите. Тие сметаат дека девојката која урнебесно се смее на шега за задник, постои голема веројатност да биде опуштена и безгрижна.
9. Начинот на кој спиете
Мажите обрнуваат внимание на разликите помеѓу нив и жените. Спиењето е една од работите кои ги правиме различно. Па, гледајќи нè склопени во топче и благо насмевнати, тие едноставно не можат да се наситат од ова.
10. Љубезен став
Мажите забележуваат кога жената се обраќа кон другите со љубов и љубезност. Доколку се однесувате со другите неразумно, вие ги оддалечувате мажите од вас, бидејќи тие мислат дека најверојатно така ќе се однесувате и со нив.
11. Вашата вештина за слушање
Повеќето мажи се согласуваат дека во споредба со нивните машки пријатели, жените се подобри во слушањето, па дури и во помагањето во некои ситуации.
12. Вашиот грб
Има нешто женствено и уникатно во грбот на жената што ги излудува мажите. Иако ова е повеќе физичка особина, доколку грбот е доволно откриен, дури и без да го видат вашето лице, тие ќе ве забележат.
Прочитајте ги и овие 10 работи кои мажите не ги забележуваат кај жените.