12 болести што можат да ве убијат за само еден ден
Како ракот, мозочниот удар и болестите на срцето да не се доволно, постојат многу болести кои потенцијално се посмртоносни. Овие 12 болести можат да ве убијат за 24 часа, па дури и побрзо.
1. Некротизирачки фасцитис
Ако не ви е познато медицинското име на болеста, тогаш сигурно имате слушнато за бактерии кои јадат човечко месо. Ова е инфекција со бактерија која ги уништува масните наслаги, кожата и ткивото што ги покрива мускулите. Штом ќе бидете инфицирани ќе забележите дека раната е црвена, потечена и неверојатно болна. Инфекцијата се проширува многу брзо предизвикувајќи шок, гангрена, откажување на органите и смрт.
2. Менингокона болест
Оваа болест е предизвикана од сериозна бактериска инфекција која се пренесува од човек на човек преку близок контакт. Штом болеста ќе напредне, се појавува отекување околу мозокот и ‘рбетниот столб. Бактеријата може да навлезе и во крвта и да предизвика смртоносна инфекција. 1 од 10 луѓе кои ќе се заразат ќе умрат дури и покрај третманот. 2 од 10 луѓе ќе останат со оштетен мозок, глувост, ампутација или друг инвалидитет.
3. Епилепсија
Многу луѓе со оваа болест имаат долг и среќен живот. Но, постои феномен познат како „Неочекувана смрт од епилепсија“. Епилепсијата не е бактериска или вирусна болест, туку нарушување на централниот нервен систем. Кога настанува смрт, тоа е сосема неочекувано. Една третина од луѓето со епилепсија покажуваат симптоми, но повеќето не покажуваат никакви знаци на напад.
4. Колера
Денес значително е намален бројот на смртни случаи од колера, но сепак постојат. Колерата е болест која предизвикува дијареја и се пренесува преку храна или вода загадена со одреден вид бактерии. Повеќето луѓе немаат други симптоми освен непријатни проблеми со стомакот, но други може да развијат дијареја која предизвикува дехидратација и може да убие за неколку часа.
5. Чагасова болест
Можеби немате слушнато за оваа болест, но можете да ја добиете без воопшто да знаете. Болеста се пренесува од паразит кој обично живее во Латинска Америка. Од 1955-та година до денес има само 23 случаи со оваа болест во Америка. Она што предизвикува проблеми е хроничната фаза на болеста. Таа предизвикува нерамномерно чукање на срцето, слабост и застанување на срцето.
6. Бубонска чума
Сите имаат слушнато за чумата која убила милиони во Средниот век, но црната смрт е болест која постои и денес. Најчесто можете да ја добиете од болва која е заразена со бактеријата. Првите симптоми се појавуваат од 2 до 6 дена подоцна и најчесто се треска, главоболка, потечени и чувствителни лимфни жлезди. Штом бактеријата ќе навлезе во крвта, може да предизвика шок, уништување на ткивото или сериозна инфекција на белите дробови.
Продолжува на следната страница…