12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

Криминалот не е секогаш едноставен. Дури и најдобро документираните случаи понекогаш изгледаат како фантазија и се полни со бизарни легални пресврти кои нè изненадуваат и пресуди кои нè згрозуваат. Понекогаш луѓето навистина се извлекуваат без казна за убиство, а ова се некои од најбизарните вакви случаи.

1. Михаел Питерсон верува дека був ја убил жена му

12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

Во 2001-ва година Кејтлин Питерсон била убиена со тап удар по главата. Нејзиниот сопруг, Мајкл, бил обвинет и добил казна доживотен затвор. Но, неговиот адвокат, Т. Лоренс Полард имал друга теорија. Тој верувал дека Кејтлин била убиена од був. Во нејзината дланка бил пронајден пердув од був, а на лицето имала гребаници кои наликувале на напад од птица. Адвокатот успеал да најде неколку експерти за бувови кои ја потврдиле неговата теорија. Бидејќи случајот станал популарен, Питерсон добил право на уште едно судење кое било закажано за 8-ми мај, 2017-та година. Но неколку месеци пред тоа тој прифатил спогодба и бил ослободен.

2. Сенди Крадок го искористила нејзиниот ПМС како одбрана

12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

Кога Сенди имала 29-години веќе неколку пати била апсена. Овој пат била уапсена за убиството на нејзината колешка од барот во Лондон во којшто работела. Она што изгледало како чист случај се превртило наопаку кога Сенди одлучила во своја одбрана да го искористи нејзиниот ПМС. Експертите докажале дека сите злодела на Сенди биле во овој период од нејзиниот менструален циклус и судот се согласил дека не можела да се контролира. Добила условна казна и хормонална терапија.

3. Џон Хикли Џуниор бил инспириран од филмот „Такси возач“ (Taxi Driver)

12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

Откако го изгледал филмот, Џон станал опседнат со Џоди Фостер, една од ѕвездите во филмот. Тој почнал да ја следи, да ѝ праќа писма, да ѝ ѕвони на телефонот, па дури и се запишал на ист факултет. Тој сфатил дека единствениот начин да ѝ го привлече вниманието е да направи нешто големо. Одлучил дека ако го убие претседателот ќе биде доволно. Во 1981-ва година Џон ги застрелал претседателот Роналд Реган, полицаецот Томас Делаханти, агентот Тимоти Мекарти и секретарот Џејмс Бреди. Иако и овој случај изгледал чист, Џон бил ослободен бидејќи бил луд.

4. Стивен Стајнберг убил додека месечарел

12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

Во 1982-ра година во Аризона, Стивен бил обвинет дека ја убил неговата сопруга бодејќи ја 26 пати. На почетокот тој ја префрлал вината на некој што им провалил во домот, но наскоро полицијата го поврзала злоделото со него. Тогаш почнал да тврди дека месечарел кога се случило убиството. Психијатар успеал да потврди дека Стивен навистина месечарел, па тој бил ослободен.

5. Адвокатот Клемент Валандигем го рекреирал злосторството

12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

Во 1871-ва година, Томас Мекгехан бил на суд за убиството на Том Мајерс. Неговиот адвокат, Клемент, сакал да докаже дека клиентот е невин бидејќи верувал дека жртвата се застрелала сама откако се обидела да го извади пиштолот во клекната положба. Обидувајќи се да го докаже ова, Клемент го рекреирал настанот со пиштол за којшто мислел дека е празен. Несакајќи се застрелал и умрел, а Томас бил ослободен.

6. Одбраната „Твинки“ на Ден Вајт

12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

Ден Вајт ги убил градоначалникот на Сан Франциско Џорџ Москон и Харви Милк во 1978-ма година. Неговите адвокати тврделе дека страдал од депресија. Покрај тоа тие укажале на промена во неговата исхрана која отсекогаш била здрава, но сега се состоела од многу шеќер. Оваа стратегија станала позната како „Одбраната Твинки“ бидејќи слатките Твинки биле главен дел од неговата исхрана. Одбраната била успешна и Ден добил само 7 години затвор.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар