12 бизарни факти кои покажуваат дека не знаеме ништо за животот
7. Не постојат олимписки златни медали
Последен пат бил доделен вистински златен медал на победникот од 1912 година. Од тогаш, победниците добиваат позлатени сребрени медали. Уделот на злато во медалот е околу 1%.
8. Глувците не сакаат кашкавал
Нова студија открила дека глувците сакаат работи со големо ниво на шеќер, како што се житарките и овошјето. Кашкавалот не е нешто што им е достапно во нивното природно опкружување.
9. Октоберфест се слави во септември
Најголемиот фестивал на пивото во светот за прв пат бил одржан на 12 октомври 1810 година. Меѓутоа, луѓето повеќе го сакале благото време во септември, па датумот на фестивалот бил променет, а името му останало исто.
10. Дефибрилатор не може да „разбуди“ срце што престанало да чука
Кога срцето пумпа крв неправилно или премногу брзо, дефибрилаторот се користи за воспоставување нормален срцев ритам. Срцето кое престанало може да се стартува само со масажа за срце или кардиопулмонарна реанимација.
11. Пингвините имаат колена
Густите перја го прекриваат најзанимливиот факт за телото на пингвините: тие имаат колена. Нозете, колената и стапалата со пловните кожички, се поставени зад телото, што им овозможува на пингвините да стојат исправено на земјата.
12. Термопластичната лента се користи за обележување на патиштата
Животот на оваа пластика е од 2 до 3 пати подолг од бојата, па токму затоа се користи за одбележување на патните површини. Исто така, многу е лесен и процесот за нанесување.
Постојат интересни факти кои досега можеби не сте ги знаеле, но овие ќе ве натераат да помислите дека сè е лага.
Во македонскиот јазик не се користи придавката занимлив, туку придавката интересен.
Ако направите мало пребарување во дигиталниот речник на македонскиот јазик, ќе видите дека зборот занимлив е дел од нашиот јазик.