12 бизарни факти кои покажуваат дека не знаеме ништо за животот
По толку време поминато на Интернет, сигурно мислите дека ништо повеќе не може да ве изненади. Мислите дека знаете сѐ за пингвините, ноевите, Исак Њутн и пирамидите? Размислете уште еднаш! Следуваат 12 занимливи факти кои сигурно никогаш не сте ги слушнале, а сте верувале во нешто сосема поразлично. Сме живееле во лага толку многу години. Верувајте ни, и ние сме шокирани!
1. Горилата прават гнезда
Тие прават гнезда за спиење на земја или на дрво, зависно од локацијата. Занимлив факт: Никогаш не го користат истото гнездо два пати.
2. Во рекламите користат моторно масло наместо мед
Но, има и многу други трикови. Наместо сладолед користат пире од компири, бидејќи не се топи. Наместо млеко користат лепило, а хамбургерите се премачкани со сјај за обувки.
3. Малите моркови се моркови со нормална големина исечени на мали парчиња
Ова го осмислил калифорнискиот фармер кој прв ги исекол морковите во 1986 година. Тој се обидувал да го реши проблемот со несовршените моркови и оние кои започнале да гнијат, а народот веднаш ги засакал новите бебиња моркови.
4. Ноевите не ја забодуваат главата во песок
Тоа е оптичка илузија. Кога толку голема птица ќе се наведне за да јаде, таа изгледа како нејзината глава да е закопана во песокот.
5. Египет не е земја со најмногу пирамиди
Научниците велат дека најмногу пирамиди се наоѓаат во Судан и тоа околу 255, што е двапати повеќе отколку во Египет.
6. Јаболкото не паднало на главата на Исак Њутн
Кралското друштво во Лондон го открил оригиналниот Њутнов ракопис во кој ја опишува својата работа, но таму нема докази за инцидентот со јаболкото. Постои само кратка напомена за тоа дека јаболката секогаш паѓаат право на земјата.
Продолжете на следната страница за останатите факти…
Во македонскиот јазик не се користи придавката занимлив, туку придавката интересен.
Ако направите мало пребарување во дигиталниот речник на македонскиот јазик, ќе видите дека зборот занимлив е дел од нашиот јазик.