11 вистински приказни кои ќе ве натераат повторно да верувате во љубовта
Бидејќи повеќето врски немаат среќен крај, понекогаш е навистина тешко да верувате во љубовта. Постојат многу парови кои се трпат едни со други многу години, но вистинските љубовни приказни кои го издржуваат тестот на времето се многу поретки. Во продолжение следуваат најдобрите вистински љубовни приказни што некогаш сте ги прочитале.
1. Секој ден ѝ пишувал писма
„Моите баба и дедо. Тие беа во брак над 65 години. Кога дедо ми беше во Јапонија за време на Втората светска година, тој ѝ пишуваше писмо на баба ми секој ден. Во нивниот стан имаше многу кутии со неговите писма. Таа почина прва и се сеќавам кога тој седеше покрај неа, ѝ ја држеше раката и ѝ велеше дека е во ред што ќе го напушти бидејќи без разлика каде ќе оди, повторно ќе ја најде. Тој живееше уште неколку години и почина поради компликации од пневмонија. Во болницата не беше многу свесен, но неговите последни зборови беа дека оди дома да ја види баба ми.“
2. Се чувствуваат како на меден месец и 30 години подоцна
„Татко ми ни има кажано дека смета дека медениот месец не мора да заврши. За него и за мајка ми медениот месец трае 30 години.“
3. Вљубување и покрај ограничувањата од јазикот
„Станува збор за родителите на мојот бивш партнер. Тој беше од Полска, таа од Доминиканска Република, но и двајцата се преселиле во САД. Тој бил мајсторот во нејзината зграда. Нешто се расипало, и тој дошол да го поправи. Ниту еден од нив не разбирал англиски. Таа имала мало дете и неодамна се развела од алкохоличар. Ми кажа дека не знаела што ѝ зборувал на првите неколку состаноци, но и покрај тоа се смеела бидејќи уживала во неговото друштво. Секој ден кога си доаѓа од работа, тој ја поздравува со: ‘Здраво моја прекрасна сопруго!’ Тие се неверојатен пар и одлични родители.“
4. Што се однесувало до него, секогаш била таа
„Во средно познавав едно момче кое постојано беше сингл. Не затоа што не можеше да си фати девојка (беше многу атрактивен), туку бидејќи 2 години му се допаѓаше само една. Таа сфати и го покани на состанок. Ова беше околу 2011-та година. Денес тие се еден од најубавите и најсилните парови кои ги знам. По 7 години врска се венчаа и имаат ќерка. Сите знаеја дека помеѓу нив имаше нешто посебно уште на почетокот.“
5. Се преселила на другиот крај на светот за него
„Мојата пријателка од Австралија си зеде слободна година во Европа со неколку пријатели и запозна едно момче, Американец, кој го правел истото. Се дружеле 2 недели, но потоа им се разделиле патиштата – тој отишол во САД, а таа во Австралија. Не можеле да престанат да мислат еден на друг. По една година врска на далечина преку Скајп, девојката се пресели во САД. Беа заедно 4 години и се венчаа минатата година на Хаваи.“
6. Случајна средба се претворила во неверојатна љубов
„Родителите на мојата најдобра пријателка се сретнале на улица и веднаш се вљубиле. Сега се во брак 19 години со неверојатна ќерка која многу ја сакам. Тие се неверојатни луѓе кои сакаат чудни работи. Премногу ги сакам, како второ семејство ми се.“
7. Кралот и кралицата од матурската вечер
„Ова е навистина клише пар од моето училиште. Таа беше навивачка, тој играше фудбал, беа крал и кралица на матурската вечер и беа заедно од основно. Се венчаа веднаш по матурирањето и уште се заедно. На почетокот не можеа да имаат дете, но сега конечни им успеа. Тие се едни од најдобрите луѓе и мислам дека засекогаш ќе бидат заедно.“
8. Сè уште се состануваат како тинејџери
„Моите родители се во брак 40 години и уште се држат за рака, уште одат на состаноци, уште се грижат еден за друг и уште имаат нивни шеги. Пред неколку години кога живеев со нив, си одев кон дома, а тие излегуваа некаде. Татко ми го возеше неговото комбе а мајка ми седеше до него како тинејџерка. Тоа беше најслаткото нешто што сум го видела.“
9. Се вљубил во нејзината поезија
„На факултет една пријателка ја касна змија и таа речиси умре. Додека беше во амбулантното возило ѝ се јави на цимерката и ѝ кажа дека во компјутерот има збирка поезија која сака да биде објавена во случај да не преживее. Пријателката беше во кома неколку денови, а нејзините колеги беа во собата и на глас ја читаа нејзината поезија. Во болницата имаше еден студент на медицина кој ѝ помагаше на пријателката и често беше во собата. Тој се вљуби во неа преку нејзината поезија и кога таа се разбуди постојано разговараа. Кога ѝ се подобри состојбата, тој ја покани на состанок. Тоа беше пред 5 години, сега се венчани и чекаат 4 деца. Неодамна таа објави збирка поезија со поеми само за него.“
10. Ѝ ги лакира ноктите дури и кога доцнат
„Моите тетка и чичко по 30 години брак, сè повеќе и повеќе се вљубуваат секој ден. Исто така чичко ми е многу трпелив со тетка ми која понекогаш е навистина проблематична. Еднаш требаше да одат на навистина важен настан и тетка ми седна и почна да си ги лакира ноктите. Чичко ми избезумен ја праша што прави, а таа му одговори дека мора да си ги среди ноктите бидејќи ќе сретне многу луѓе. Тогаш чичко ми седна и почна да ја лакира внимателно.“
11. И по 10 години, едвај чека да го види
„Ова е приказна за мене. Следната година прославуваме 10 години и сме повљубени од кога било порано. Ми пишува пораки речиси секој ден во кои ме прашува дали можам побрзо да стигнам дома. Секогаш возам побрзо одошто треба за да го видам. Не можам да си замислам да го испуштам животот со сопругот.“
Ако овие приказни не ве убедија дека вистинската љубов сепак постои, прочитајте ги и овие.