11 видови пријатели кои би требало да ги зачувате покрај себе
Пријателите доаѓаат и си заминуваат, но некои од нив можат да останат покрај вас засекогаш. Овие личности се посебни и треба да направите сè што е во ваша моќ за ги задржите што подолго. Вие знаете дека тие се вистинските за вас бидејќи едноставно прават да сакате да бидете подобра личност и покрај нив, целиот живот ви изгледа полесен…
1. Оние со кои додека сериозно разговарате половина од времето користите внатрешни шеги. Вие толку добро се познавате што знаете точно кои зборови или движења ви се забавни и знаете како да ги искористите за да ја претворите тешката ситуација во комична. Пријателите кои имаат моќ да ве насмеат во кое било време се и оние кои засекогаш треба да ги чувате покрај себе.
2. Оние со кои во секое време можете да разговарате преку пораки за нешто кое во моментот се случува. Вие можете да се потпрете на нив да бидат вашиот глас на разум или пак, само да се насмеат за тоа што ви се случува. Не се плашите детално да ја објасните ситуацијата, а ако можете дури и да направите фотографија со цел тие полесно да можат да сфатат што точно се случува.
3. Оние кои мислат на вас дури и пред да помислат на себе. Тие сакаат да прават добри нешта за вас, дури и кога нема причина, па затоа и знаат да ве изненадат со топло кафе во раните утрински часови или пак, да ве одведат да го гледате оној филм за кој веќе долго време сте зборувале дека немате време.
4. Оние кои ќе ве следат во секоја чашка алкохол, особено ако поминувате низ тежок период. Тие се подготвени да испијат колку што можете и вие, а потоа следното утро да излезат со вас на мрсен појадок со цел да разговарате за тоа што се случило претходната вечер.
5. Оние кои биле покрај вас кога сте имале потешкотии, дури и ако не сте го побарале тоа од нив. Тие постојано ви пишуваат да ве прашаат како сте, дали ви е потребно нешто или пак, дали сакате да излезете на прошетка за да ви се средат мислите. Тие можат да остават сè во истиот момент кога ќе го побарате тоа од нив и да дотрчаат да ви помогнат.
6. Оние кои ги помнат нештата кои ви се навистина важни, без разлика колку мало делуваат за другите. Тие се оние кои ви се јавуваат за вашиот роденден, кои ви кажуваат големи вести во живо и кои не се потпираат на социјалните мрежи за да останат во контакт.
7. Оние кои ви велат дека ве сакаат и навистина го мислат тоа. Пријателската љубов е една од најважните нешта во животот и исто како и романтичната, треба да биде искажувана со дела, но и со зборови.
8. Оние кои не се плашат да ви го кажат тоа што навистина треба да биде кажано. Тие се директни и не се воздржуваат. Тие не ви дозволуваат да го гледате светот со едно око затворени. Кога грешите, тие ви укажуваат на грешката и кога имате потреба од искрен совет, тие не ви го кажуваат тоа што сакате да го чуете туку тоа што имате потреба да го слушнете. Овие пријатели ве ценат доволно за да ви ја кажат вистината.
9. Оние кои ги чуваат вашите тајни. Тие знаат сè за вас, но не ги споделуваат вашите тајни со никој друг бидејќи знаат дека само вие го имате тоа право.
10. Оние кои прават седењето на кревет, јадењето грицки и гледањето видеа на Јутјуб да биде еден од најдобрите начини да се помине викендот. Покрај нив вие едвај ги чекате дождливите денови бидејќи ќе имате изговор да останете дома и да ги поминете деновиве во бескрајни разговори.
11. Оние кои прават да се почувствувате како да сте дома, без разлика колку долго ги знаете. Овие личности веднаш стануваат незаменливи бидејќи ве знаат подобро одошто се знаете самите, па токму поради тоа и стануваат дел од вашето семејство. Тие никогаш не ве осудуваат и секогаш сакаат да ве гледаат среќни.