11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето

11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето

Денес популарноста на туристичките атракции многу зависи од социјалните мрежи. 50% од туристите изјавиле дека информациите и рекламите што ги сретнале на Интернет имале влијание врз нивните планови за патување. Но оваа зголемена популарност воопшто не е добра за атракциите. Причината не се само отпадот што го ставаат посетителите. Луѓето можат да нанесат штета на разни начини – од едноставно дишење, па сè до намерно уништување. Погледнете ги 11-те популарни туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето.

1. Заливот Маја на островите Фи Фи, Тајланд

11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето

Ова место стана популарно поради филмот „Плажата“ (The Beach) со Леонардо Дикаприо – местото почнале да го посетуваат и по 5.000 луѓе дневно. Во 2018-та година заливот беше затворен на неодреден период со цел да се поправи.

2. Коралите на Божиќниот Остров, Австралија

11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето

Во период од само 10 месеци, над 90% од коралите беа уништени. Некои од нив беа избелени, а некои умреле. Причината е зголемената температура на водата, како последица од климатските проблеми.

3. Водопадот Гуаира, границата помеѓу Бразил и Парагвај

11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето

Ова прекрасно место беше каскада од водопади. Во 1982-ра година, водопадите беа поплавени од хидроелектраната Итаипу. Камењата биле отстранети со динамит.

4. Пештерата Алтамира, Шпанија

11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето

Пештерата беше затворена за посетители во 2002-ра година. Големите туристички групи ги уништија цртежите само со дишењето и создавањето пареа и јаглероден диоксид. Во 2001-ра година беше изградена реплика во близина на пештерата што им овозможува на туристите да уживаат во уметноста на предците, без да ја уништуваат вистинската.

5. Глечерот Чакалтаја, Боливија

11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето

Овој глечер се формирал пред 18.000 години и беше еден од највисоките во Јужна Америка. Од 1980-та година, местото почнало брзо да се распаѓа, а во 2009-та година глечерот исчезна целосно поради глобалното затоплување.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар