11-те најопасни улици во светот
6. Сан Салвадор во Ел Салвадор
Во 2016 година, во овој главен град просечната стапка на убиства изнесувала 83,39 на секои 100.000 луѓе. Опасноста во Сан Салвадор всушност потекнува од САД и е позната како смртоносната банда МС-13 која била формирана од страна на децата на имигрантите од Салвадор.
7. Кејптаун, Јужна Африка
Нема сомнеж дека станува збор за фантастично место што вреди да се посети, но мора да бидете многу внимателни, бидејќи криминалот е реалност во овој град, колку и да е самото место прекрасно. Најопасното место, особено навечер, е улицата Лонг Стрит.
8. Источен Сент Луис во Округот Сент Луис, Илиноис
Се верува дека ова е најлошиот град во Америка. Улиците на Источен Сент Луис се полни со криминал и сиромаштија. Во 2013 година стапката на убиства по жител изнесувала 18% над државниот просек во Америка. Во 2015 година кога бројот на население изнесувал 26.616, биле пријави 19 случаи на убиство, 42 случаи на силување, 146 случаи на кражба, 682 случаи на тежок напад и 12 случаи на подметнување пожар. Иако Источен Сент Луис е најопасниот град во Америка, најопасната улица е во Северен Сент Луис поради високата стапка на криминал со оружје.
9. Улан Батор, Монголија
Улиците во Улан Батор, особено Бага Тоиру, се многу опасни навечер. Тие претставуваат закана за туристите кои се шетаат доцна навечер, бидејќи млади луѓе постојано започнуваат улични тепачки со странци. Ова можеби е поинаков вид опасност за разлика од претходните, но дефинитивно треба да се одбегнува.
10. Балтимор, Мериленд
Балтимор е уште еден град во Америка што се смета за опасен. Посебно треба да се одбегнуваат улиците Меккала и Вест Престон каде што криминалната стапка е висока поради постојаните пукотници и екстремно ниската плата. Најлошиот дел е тоа што Балтимор е само 50 минути оддалечен од Вашингтон.
11. Скампија во Неапол, Италија
Со оглед на тоа што се работа за најголемиот пазар на дрога во Европа, не е ни чудо што Скампија е еден од најлошите квартови во Неапол. Ако поминете таму само неколку минути возејќи се со автомобил, веднаш ќе забележите дека ве следи некој од чуварите на бандата на мотор кој внимава да не дојде полиција или други натрапници. Дефинитивно не би сакале да се најдете на ова место откако ќе се стемни.
Во продолжение, прочитајте кои се 11-те најопасни туристички дестинации.