11-те најопасни улици во светот
Патувањата се полни со авантури, а тоа понекогаш подразбира и напуштање на удобната зона. Патувањето е многу повеќе од седење на плажа и истражување места со многу туристи во големи градови. Магијата на патувањето лежи во разоткривањето на неоткриеното. Меѓутоа, има места за кои постојат добри причини зошто не се истражени. Ова се 11-те најопасни улици во светот што дефинитивно треба да ги одбегнувате без разлика колку сте љубопитни…
1. Катија во Каракас, Венецуела
Катија е еден од најлошите квартови во најопасниот град во светот. Во 2016 година, стапката на убиства изнесувала застрашувачки 60 дневно. Најдобро е да го одбегнувате целиот град поради моменталната политичка клима, но улиците во Катија, меѓу кои Кале Аргентина и Кале ел Комерсио се едни од најужасните докази за тоа колку страда главниот град на Венецуела.
2. Ренасимиенто во Акапулко, Мексико
Најнасилниот град во Мексико, Акапулко, не е повеќе познат по гламурозните плажи што можеме да ги видиме на холивудските филмови. Покрај улиците како што се Хуан Р. Ескудеро и Ехидо лас Позас, убиствата се постојани, а јуни 2017 бил прогласен за најсмртоносниот месец во минатите 2 декади. Тука бандите се главни и ги принудуваат луѓето да се наредат во линија за да им дадат дел од нивната неделна плата. Ова е трагичен потсетник на тоа што ѝ се случи на земјата поради војните на наркодилерите.
3. Детроит во Мичиген, САД
Детроит има репутација на место со голема стапка на насилство и криминал и тоа сосема заслужено. Ако живеете во областа на авенијата Вест Ворен и улицата МекКинли, шансите дека ќе завршите како жртва на криминал се 1 во 13 секоја година.
4. Форталеза во Сеара, Бразил
Минатиот месец околу 14 луѓе биле убиени во овој северозападен бразилиски град во еден ноќен клуб за време на престрелката помеѓу 2 спротивставени банди на наркодилери. Токму овие банди се виновни за зголемената стапка на криминал во градот и поради нив многу од квартовите се прогласени за небезбедни, особено навечер. Посебно треба да се одбегнуваат улиците околу плажата Ирасема.
5. Сан Педро Сула во Кортес, Хондурас
Овој град е на второ место после Каракас според стапката на убиства во 2016 година. Не е ништо невообичаено да видите мртви тела по улиците на овој ужасен град. Лошата економија ги исполнила улиците со насилство. Повеќето инциденти се поврзани со дрога. Некои американски социјални програми се обидуваат да ја зголемат безбедноста во градот, па така, можно е ова место да биде тргнато од листата со најопасни улици во светот.
Продолжете на следната страница за останатите опасни улици…