11 суптилни знаци на нарцизам кои лесно може да се занемарат
Сите мислиме дека лесно можеме да препознаеме нарцисоидна личност. Тоа се луѓето кои се заљубени во самите себе, така? Но, вистината е дека постојат многу суптилни знаци кои укажуваат на тоа дека си имате работа со нарцис, поразлични од очигледниот доказ за нарцизам. Всушност, вистинскиот нарцис може најмалку да се сака себеси. Тој е заљубен во идеализираната слика за себе, која ја проектира со цел да го одбегне соочувањето со неговото вистинско, слабо, оштетено „јас“. Доколку научите да ги препознавате овие луѓе околу себе, лесно ќе може да најдете начин да се справите со нив. Ако периодов забележувате дека имате потешкотии да се разберете со некоја личност, а не можете да сфатите зошто е тоа така, ова се 11-те знаци кои укажуваат на тоа дека можеби си имате работа со нарцис…
1. Постојано ве прекинуваат
Нарцисите постојано го прекинуваат разговорот. Тие обожаваат да зборуваат за себе и не ви даваат шанса да учествувате до двонасочна конверзација. Секогаш кога ќе се обидете да кажете нешто, тие ќе сакаат да го свртат вниманието кон себе за да си дадат на значење.
2. Ве нарекуваат луди
Нарцисите се многу драматични личности, сакаат да малтретираат психички и да создаваат анксиозност и збунетост, со цел да ја разнишаат самодовербата на соговорникот и на тој начин да се чувствуваат подобро во врска со самите себеси. Ако одеднаш се фатите себеси како се чувствувате несигурно и се двоумите за одлуките што сте ги донеле, иако сте биле сосема сигурни во тоа што сте сакале да го направите, причината може да лежи во тоа што си имате работа со нарцисоидна личност.
3. Губат интерес кога ќе почнете да им се отворате
Нарцисите обично губат интерес веднаш штом почнете да им се доверувате и да зборувате за вашите проблеми. Така што, ако поминете часови слушајќи ги како зборуваат за себе, а потоа забележите како очите им лутаат наоколу секогаш кога ви треба пријател, тоа значи дека оваа личност е нарцис.
4. Шармантни се
Нарцисите можат да бидат многу шармантни кога сакаат, и тоа е всушност причината зошто толку ве привлекле. Ако забележите дека личноста го вклучува и исклучува шармот во зависност од тоа со кого зборува, а не е цело време екстровертна и комуникативна, тоа може да биде голем знак за предупредување.
5. Немаат ниту една лоша слика на Фејсбук
Нарцисите се луѓе кои имаат илјадници пријатели на Фејсбук, но ниту една лоша фотографија. Едноставно не е возможно од толку многу пријатели ниту еднаш да не биле означени на слика на која не излегле баш најубаво. Тоа е така затоа што нарцисите многу внимаваат на тоа каква слика оставаат за себе и се стремат кон тоа на светот да му ја покажат нивната идеализирана верзија.
6. Никогаш не се тие криви
Ако сте опкружени со нарцисоидни луѓе ќе забележите дека тие никогаш не се виновни за тоа што се случило. Дури и кога раскажуваат приказна за тоа како направиле нешто погрешно или биле опоменати на работа, на крајот ќе дојдат до заклучок дека не се доволно ценети или дека биле емоционално малтретирани. Никогаш нема да чуете: „Тоа беше моја вина и научив значајна лекција од целото искуство“.
7. Не знаат да прифатат критика
Колку и да изгледаат самоуверено на површината, тие воопшто не знаат да прифатат ниту мала, најобична критика. Веднаш се лутат и не го сфаќаат тоа како добронамерен совет и можност да се подобрат, туку како лична навреда. Ако сте го забележале ова кај некој ваш пријател или колега, можно е тие да имаат елементи на нарцисоидна личност.
8. Чувствувате како постојано да треба да им давате комплименти
Ласкањето е најлесен начин да се справите со нив и да избегнете конфликт. Ако почувствувате дека основата на вашата врска се состои од вашите комплименти што ги давате, можеби е време да ја преиспитате динамиката на вашиот однос.
9. Даваат непотребни совети
Нарцисите се личности кои често даваат совети иако не сте го побарале тоа од нив. Тие секогаш знаат малку повеќе од вас. Со тоа што ќе се направат попаметни од вас, тие се чувствуваат поважни и позначајни.
10. Не сакаат да чекаат
Нарцисите воопшто не сакаат да чекаат во редици, ниту пак да чекаат генерално што било. Нивните потреби, какви и да се, мора да се исполнат веднаш. Во спротивно стануваат нервозни и предизвикуваат тензија.
11. Не знаат да губат… Ниту пак да победуваат
Нарцисите се ужасни кога станува збор за некаков натпревар или игра. Се лутат кога ќе изгубат, а задеваат кога ќе победат. Дефинитивно не се луѓето што би сакале да ги поканите да играат друштвени игри со вас и вашето друштво.
Нарцисоидните луѓе можат да создадат многу токсични врски во вашиот живот, но не секогаш е толку лесно да се препознаат. Ако имате човек во вашиот живот кој покажува некој од овие или сите горенаведени начини на однесување, постои голема веројатност дека се нарциси и би било паметно да бидете на дистанца.