11 странски зборови за кои нема превод
Во овој шарен и разновиден свет живеат многу народи кои зборуваат различни јазици. Во нив има и некои зборчиња кои се карактеристични само за нив, па затоа тешко се преведуваат на други јазици.

Iktsuarpok (инуит) – чувството на исчекување што те тера упорно да гледаш надвор за да видиш дали некој ќе доаѓа

Waldeinsamkeit (германски) – чувството кога си сам во шума

Culaccino (италијански) – трагата од студена чаша на масата

Komorebi (јапонски) – кога сонцето продира низ лисјата на дрвјата

Почемучка (руски) – некој кој поставува многу прашања

Sobremesa (шпански) – времето после ручекот или вечерата кога луѓето што го делеле оброкот остануваат да разговараат

Jayus (индонезиски) – толку лошо кажана шега што оној што ја слушнал не може, а да не се смее

Pana Poʻo (хавајски) – чинот кога се чешаш за глава обидувајќи се да се сетиш на нешто што си го заборавил

Dépaysement (француски) – чувството кога знаеш дека не си во матичната држава

Goya (урду) – моментот кога некој толку добро раскажува приказна што не ти пречи нејзината невистинитост

Mångata (шведски) – одблесокот во вид на патека што го остава месечината врз водата
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.