11 реалистични цели кон кои сите ние треба да се стремиме
Ако добро размислите, сите ние сме исти. Си поставуваме невозможни цели кои на крајот ги напуштаме. Па, наместо да живееме во илузија, зошто да не бидеме искрени кон себе и кон сите околу нас? Поставете си реалистични цели кои знаете дека со сигурност ќе ги постигнете и по секој успех, полека зголемувајте ги. Прифатете ја вашата мрзливост и недостатокот од ентузијазам, бидејќи животот е краток!
1. Качете неколку килограми, бидејќи зголемувањето на тежината е многу полесно од намалувањето.
2. Не поминувајте многу време носејќи панталони.
3. Пешачете секој ден или барем помислете да го направите тоа.
4. Трошете повеќе време правејќи го она што е навистина важно – гледање филмови и серии.
5. Прошетајте го светот со магијата на Интернетот.
6. Заборавете го странскиот јазик што едвај сте го научиле во училиште.
7. Почестете се!
8. Не дозволувајте ништо да ве спречи во јадењето на многу сладолед наеднаш.
9. Не трошете време за учење.
10. Читајте повеќе… менија за достава на храна.
11. Почнувајте повеќе караници со странци на Интернет.
Погледнете ги и овие „корисни“ совети за секојдневниот живот.