11 проблеми на девојките кои постојано се дружат со момчиња - Part 2

11 проблеми на девојките кои постојано се дружат со момчиња

6. Тие не секогаш ќе внимаваат на вашите чувства

Иако ви мислат добро и се тука кога ви се потребни, сепак тие не секогаш ќе ве разберат вас и вашите маки. Особено емотивните. Кога станува збор за чувства и емоции, голем број од припадниците на посилниот пол не сакаат да бидат во улога на момче без дополнителните привилегии. Затоа, иако ви се добри пријатели, во ваквите случаи побарајте подобро рамо за плачење.

6-11-problemi-na-devojkite-koi-postojano-se-druzat-so-momcinjata-kafepauza.mk

7. Ве обвинуваат дека барате внимание

Кога сте „една од момците“ тогаш луѓето некако си претпоставуваат дека не сте онаа вистинската верзија од себеси. Тие мислат дека сакате да извлечете нешто од тоа пријателство, а во најголем број случаи – внимание. Па дури и да барате внимание, ако го враќате во еднаков реципроцитет тогаш нема ништо лошо во тоа.

7-11-problemi-na-devojkite-koi-postojano-se-druzat-so-momcinjata-kafepauza.mk

8. И ред други обвинувања

Вашите пријателства со момчињата честопати ќе ги предизвикуваат луѓето да си ги покажат вистинските лица. Без разлика дали ве нарекуваат „ку*ва“ затоа што сте постојано околу нив или имаат одредено мислење за вашата сексуална ориентација, ВИЕ НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ СЛУШАТЕ.

8-11-problemi-na-devojkite-koi-postojano-se-druzat-so-momcinjata-kafepauza.mk

9. Постои можност да се случи нешто меѓу вас

Може да се избегне, но сепак големи се шансите да се случи нешто меѓу вас. Иако многу ретко сексот за една ноќ преминува во романса, често тоа е грешка што на одреден период ги разнишува пријателствата и ги прави работите многу понепријатни, а и покомплицирани.

9-11-problemi-na-devojkite-koi-postojano-se-druzat-so-momcinjata-kafepauza.mk

10. А тука се и претпоставките дека веќе се случило

Дури и ако вие никогаш не ја преминете таа граница, веројатно ќе ви извадат (ако досега не ви извадиле) таков муабет. Без разлика дали ве поддржуваат или кудат, на крајот од денот, тоа е сепак само озборување и не може ништо добро да произлезе од него.

10-11-problemi-na-devojkite-koi-postojano-se-druzat-so-momcinjata-kafepauza.mk

11.Честопати момците ќе се чувствуваат заглавени во пријателската зона

И голем процент од времето ќе се обидуваат да излезат од неа. Но, ако очекувале повеќе од вашето пријателство, тогаш требало да бидат искрени уште на почетокот. Истото важи и за вас.

11-11-problemi-na-devojkite-koi-postojano-se-druzat-so-momcinjata-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар