11 проблеми на девојките кои постојано се дружат со момчиња
Некако во ред е вие да кажете дека сте „една од момците“, но ако некој ве нарече така, веднаш почнувате да се браните и притоа се чувствувате навредени. Иако овој термин од една страна е позитивен, тој секако има и свои негативни страни. Справувањето со погрешните претпоставки на луѓето ви ги одзема радоста и забавата од вашите дружења. А еве и зошто.
1. Луѓето си мислат дека ги мразите девојките
Кога веќе се дружите со момчиња, (не)логичната претпоставка е дека ги мразите девојките. А тоа е далеку од вистината. Реалноста е дека сте способни да се дружите со други жени, но тие претставуваат поголем предизвик и се надвор од вашата комфорна зона. Не сте злобни, само се плашите од отфрлање.
2. Вашето момче веднаш станува љубоморно
При секое ново, морате да го оправдувате секое старо пријателство. Направете си услуга – ако вашето момче е љубоморно заради вашите пријатели од спротивниот пол, тогаш тој дефинитивно не заслужува да се најде во вашиот живот. Единствената светла точка во нивната љубомора е што од старт можете да препознаете кои момци се „контрол фрикови“, несигурни и со комплекси.
3. А тука спаѓаат и девојките на вашите пријатели
Е со нив не можете да раскинете. Може вашиот пријател, но тоа е негов и само негов избор. Вие можете да бидете фини и само да се надевате на најдоброто. Не му замерувајте ако на некое време престане да се дружи со вас, бидејќи на почетокот од врската тој се обидува да ја стекне довербата на неговата девојка. Имајте разбирање во ваквите ситуации. Ако тој целосно ве занемари после долго време поради нејзината љубомора и несигурност, тогаш за жал ќе мора да го преиспитате вашето пријателство.
4. Вашите пријатели секогаш ви бараат совет за истите работи
Бидејќи сте девојка во друштвото, вие претставувате Википедија за женското однесување. Ако ви даваа пари за секој пат кога ќе ве прашаа нешто поврзано со женскиот род, ќе имавте доволно пари за да им го обезбедите психологот кој очајно им е потребен.
5. И никогаш не го прифаќаат
Дури и во пријателствата, момците имаат проблем со прифаќањето на женското мислење. Најлошо е кога некој ваш пријател се однесува како кретен кон друга девојка. Душата ве боли затоа што знаете дека тој е добро момче и дека е попаметен одошто се покажува во моментот.