11 причини зошто е подобро да сте леваци

11 причини зошто е подобро да сте леваци

Иако денот на леваците е на 13-ти август, нема причина зошто да не се гордеете со вашата уникатност и сега. Понекогаш можеби ви е навистина тешко да се справите со направите дизајнирани за специјално за деснаците, но сепак оваа особина си има и некои предности. Погледнете дел од нив…

Writing

1. Леваците заработуваат повеќе

Според едно неодамнешно истражување, нема некоја голема разлика во заработката на регуларното население. Но, кога станува збор за луѓето со факултет, леваците заработуваат од 10% до 15% повеќе во однос на деснаците.

2. Леваците подобро се мечуваат

Американскиот олимписки мечувалец, Рејс Имбоден, е левак. Поголем дел од олимписките мечувалци се всушност левучари.

3. Леваците полесно и побрзо учат да возат

Иако автомобилите се дизајнирани за деснаци, една анкета покажала дека 57% од леваците го положиле тестот за возачка дозвола од прв обид, во споредба со 47% од деснаците.

Driving a Car

4. На леваците им е полесно да гледаат под вода

Леваците полесно се приспособуваат на гледањето под вода.

5. Леваците не мора да го менуваат приборот од една рака во друга

Обично луѓето ја држат виљушката со левата рака додека ја сечат храната, а потоа ја менуваат во десната за да јадат. Леваците немаат потреба од оваа промена.

6. Леваците имаат предност во бејзбол

25% од професионалните играчи се леваци и им оди подобро во однос на деснаците.

(3)11-prichini-zoshto-e-podobro-da-ste-levuchar-kafepauza.mk

7. Многу претседатели се леваци

Многу американски претседатели се леваци. Овде спаѓаат Барак Обама, Бил Клинтон, Џорџ Буш, Џералд Форд и Хари Труман.

8. Леваците се подобри во куглање

Бидејќи повеќето луѓе се деснаци, маслото на десната страна на патеката се троши побрзо. Ова е предност за леваците.

9. Леваците се навистина убави дами

Многу славни убавици се леваци. Овде спаѓаат Никол Кидман, Анџелина Џоли, Џенифер Лоренс, Тина Феј, Џулија Робертс, Скарлет Јохансон и многу други.

(4)11-prichini-zoshto-e-podobro-da-ste-levuchar-kafepauza.mk

10. Леваците се подобри гитаристи

Некои од најдобрите светски музичари се леваци. Некои од нив се Пол Макартни, Џастин Бибер и Џими Хендрикс.

11. Леваците се покреативни

Поради некоја причина, леваците се многу креативни луѓе со бујна фантазија.

Погледнете и што треба да знаете ако вашето дете е левучар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар