11 причини зошто азиските деца се најздрави
Со многу истражувања кои тврдат дека јапонските деца се најздрави, можеби би требало да погледнеме која е причината зад тоа. Многу културни норми развиени во азиските држави излегле како навистина добри за здравјето на децата, и тоа и на необични начини. Погледнете кои се овие „тајни“ што можат да му помогнат на вашето дете да има поздрав и посреќен живот.
1. Ги спречуваат децата да читаат преблиску
Во многу кинески училишта се инсталирани шипки, чија цел е да го зачуваат здравјето на децата. Читањето од премногу блиску може да ги оштети детските очи, па шипките им ја држат главата на децата на правилно растојание. Покрај тоа, ова помага и во подобрувањето на држењето на телото.
2. Се спроведуваат вежби за очи
Во Кина, учениците од основните и средните училишта добиваат инструкции за вежби за очи, чија цел е да ја подобрат циркулацијата на крвта и да ги релаксираат очните мускули. Постојат 6 разни вежби кои вклучуваат триење на разни делови околу очите, а најчесто се изведуваат два пати дневно.
3. Прават тестови надвор
Со текот на времето, во Кина се проширило тестирањето на отворено. Воглавно, целта зад ова е да се спречи мамењето на тестови бидејќи децата можат да бидат сместени на поголема далечина. Но од ова има и здравствени придобивки. Не само што децата се на свеж воздух и светлина, туку им се намалува и нивото на стрес.
4. Носат заштитни маски
Луѓето најчесто се разболуваат во зима бидејќи студот ги држи внатре, па тие се повеќе изложени на микроби од други луѓе. Во Јапонија, многу често луѓето кои не се чувствуваат во ред или кои имаат алергии носат заштитни маски, со цел да го намалат ширењето на нивните микроби.
5. Часови со пренос во живо
Кога временските услови го прават одењето на училиште опасно, некои кинески наставници се креативни и едноставно го пренесуваат часот во живо преку Интернет. Децата можат да ја следат наставата од нивниот дом, што може да биде особено корисно кога училиштата се затворени поради лошото време. Исто така, ова им помага и на децата кои живеат подалеку и на кои понекогаш им е отежнат пристапот до училиштето.
Продолжува на следната страница…