11 постови кои вие и вашите пријатели ќе ги објавите на ФБ за празниците
Како прво, да се разбереме, не „хејтаме“. Ова се нештата кои сите ние ги правиме поттикнати од празничната еуфорија и сосема е во ред. Еве што вие и вашите пријатели ќе постирате на социјалните мрежи овие празници, што само ќе ја збогати празничната еуфорија.
1. Вашата елка
Прекрасно изгледа и ќе ја споделите.
2. Вашата шолја за кафе
Во зимски амбиент, шолја топло кафе, чај или какао. Бидејќи изгледа добро.
3. Во трговски
Бидејќи е прекрасно украсено а вие се чувствувате убаво.
4. Вие со вашите родители, браќа/сестри или деца
Бидејќи сите се празнично расположени и сакаат да се сликаат.
5. Вие на автобуска/железничка или пејзаж од авионот додека слетува
Бидејќи е кул, сегде има гужва за празниците.
6. Вашето милениче облечено во духот на празниците
Само што му облековте новогодишно џемперче на вашето куче, секако дека ќе го сликате!
7. Како изминатава година била прекрасна а онаа што доаѓа ќе биде уште подобра
Малку мотивациски статус за вашите постигнати успеси и она што очекувате 2015 да ви го донесе.
8. Вие на тропски остров
Ако имате можност да посетите топло место, сигурно ќе им се пофалите на пријателите. Јас ја дочекувам Нова година во костим за капење, вие смрзнувате, ха ха!
9. Вашите колачиња
Само што направивте колачиња без да ја запалите кујната. Има да им кажете на сите!
10. Колку сте изеле
И дека стомакот ќе ви пукне во секој момент.
11. Слики од зимскиот одмор
Вие на скијање, вие на снежна планина, со шолја чај во рака на тераса со поглед кон снежниот град.