11 нешта кои жените со големи гради би сакале да ги разберете
На овие жени понекогаш навистина не им е лесно. И покрај тоа што се „надарени“ во областа на градите, тоа не мора да значи дека нивниот живот е без проблеми. Тие не само што имаат потешкотии при избирањето соодветна облека туку и постојано се жалат на болки во грбот. Ништо чудно што дел од нив подлегнуваат на процедура за намалување на градите. Токму затоа погледнете ги овие 11 нешта кои секоја жена со големи гради би сакала да ги знаете…
1. Оној градник кој жените со нормална големина на градите го носат за трчање или аеробик, тие го носат за јога.
2. Големината на корпите од градниците не завршува со Д. Далеку од тоа.
3. Тие не можат да одат без градник. Никогаш.
4. Градниците за големи гради најчесто се достапни во само 3 бои: бела, црна и беж. Овие жени ретко кога можат да најдат градници во други бои и дезени.
5. Потењето под градите навистина постои!
6. Жицата под градникот е големо зло.
7. Кошулите на копчиња не се нивни пријатели. Најчесто горните копчиња секогаш се борат за да се ослободат, па токму затоа направете им услуга и насочете го вашиот поглед на нешто друго.
8. Бикините на врвки се исто како второто шише вино во работни денови. Добро во теорија, но тотално апсурдно во реалноста.
9. Да, тие би сакале да бидат деверици, но не, не би сакале да носат фустани без прерамки.
10. Оние маички со „вграден градник“ се нешто кое тие никогаш нема да можат да го облечат.
11. Прегрнувањето на личност пониска од нив има потенцијал да биде многу порнографски момент, па токму затоа се извинуваат и покрај тоа што не е нивна вина.