11 необични видови храна што се појавија оваа година

11 необични видови храна што се појавија оваа година

Без разлика како изгледа вашата листа за купување, на неа сигурно не се наоѓа розов леб. Но секоја година се појавува нова и почудна храна по супермаркетите, и оваа година не е исклучок. Погледнете некои од најчудните видови храна што се појавија оваа година.

1. Сладолед од мајонез

11 необични видови храна што се појавија оваа година

Уште од 1920-та, компанијата Hellmann’s произведува мајонез и е горда на својот рецепт. Оваа година компанијата го пушти во продажба нивниот сладолед од мајонез. Навистина е тешко да се замисли вкусот, но според описот станува збор за кремаст вкус на јајце. Компанијата исто така објави и рецепт за чоколадна торта со мајонез.

2. Кафе од печурки

11 необични видови храна што се појавија оваа година

Компанијата што го произведува ова кафе, Four Sigmatic, тврди дека кафето ќе ви даде енергија, моќ и ќе го зајакне вашиот имунитет. Најдобро е да го пиете овој пијалак наутро или пред вежбање. Оние кои го пробале кафето изјавиле дека повеќе има вкус на чај и кафе, а не на печурки. Луѓето со низок крвен притисок треба да бидат внимателни со пијалакот. Не се препорачува самите да го подготвувате бидејќи печурките што се користат можат да бидат опасни по здравјето.

3. Цветови како зачини

11 необични видови храна што се појавија оваа година

Некои цветови не само што изгледаат добро, туку и имаат одличен вкус. Денес можете да најдете исушени цветови што можете да ги додадете како декорација на секое јадење. Најпопуларните цветови за јадење се од лаванда, хибискус, роза, портокал и праска.

4. Розов леб

11 необични видови храна што се појавија оваа година

Овој продукт ќе им се допадне на луѓето кои навистина се грижат за нивното здравје. Необичната боја е добиена поради цвеклото во лебот. Цвеклото има антивоспалителни својства и антиоксиданси, го намалува крвниот притисок и ја зголемува издржливоста.

5. Ги путер

11 необични видови храна што се појавија оваа година

Растопениот путер што е навистина популарен во Јужна Африка конечно го најде своето место на глобалниот пазар и можеби ќе го замени обичниот. Ги путерот ја подобрува работата на дигестивниот систем. За разлика од другите видови путер, не станува токсичен кога е изложен на висока температура.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар