11 навики на најсреќните луѓе

11 навики на најсреќните луѓе

Сите постојано сме во потрага по нешто: Унапредување на работа, нов автомобил, партнер… Тоа доведува до верувањето дека ако остварите одредена цел или ако добиете нешто, конечно ќе бидете среќни.

Иако важните достигнувања во животот нѐ прават среќни на почетокот, истражувањата покажале дека таа среќа не трае долго. Во едно истражување биле измерени нивоата на среќа кај обични луѓе и кај луѓе кои имале добиено на лотарија. Резултатите покажале дека нивото на среќа кај двете групи луѓе било идентично.

11 навики на најсреќните луѓе

Погрешно е верувањето дека големите настани во животот ја диктираат среќата. Среќата е синтетичка: Или ја создавате, или не. Среќата која трае се стекнува по пат на навики. Најсреќните луѓе имаат одредени навики кои им помагаат да ја одржуваат нивната среќа секој ден. Пробајте ги нивните навики и видете што ќе се случи…

1. Не забораваат да ги ценат малите нешта во животот

Природно е да заглавиме во рутина. На некој начин тоа е добро бидејќи го одмора мозокот и создава чувство на удобност. Но, понекогаш толку многу се внесуваме во нашата рутина што не успеваме да ги цениме малите нешта во животот. Среќните луѓе знаат колку е важно да уживаат во вкусот на нивниот оброк, да размислуваат по неверојатниот разговор што го имале и да го почувствуваат свежиот воздух.

2. Вежбаат

Доколку го движите телото најмалку 10 минути, тоа ќе почне да ослободува невротрансмитери кои го смируваат мозокот. Среќните луѓе редовно вежбаат затоа што знаат колкаво позитивно влијание има тоа на нивното расположение.

3. Трошат пари на други луѓе

Истражувањата покажале дека трошењето пари на други луѓе ќе ве направи посреќни отколку трошењето за себе. Ова особено важи за ситниците кои покажуваат дека сте вложиле труд, како на пример ако ја купите омилената книга на вашиот пријател без некој посебен повод.

4. Се опкружуваат со вистинските луѓе

Среќата се шири меѓу луѓето. Ако постојано сте опкружени со среќни луѓе, ќе станете посамоуверени и покреативни. Дружењето со негативни луѓе има спротивен ефект. Тие сакаат да ја пренесуваат нивната негативна енергија за да се чувствуваат подобро во врска со самите себеси.

5. Секогаш се позитивни

На сите луѓе им се случуваат лоши работи. Наместо да се жалат за негативните работи, тие се присетуваат на сите нешта за кои се благодарни. Потоа го пронаоѓаат најдоброто можно решение за проблемот, го применуваат и продолжуваат понатаму. Песимизмот не носи ништо добро. Песимистичкиот став не само што ќе го наруши вашето расположение, туку и ќе привлече да ви се случуваат лоши работи: Ако очекувате лоши работи, поголема е веројатноста дека ќе искусите негативни случувања. Тешко е да се ослободите од песимистичките мисли, сѐ додека не сфатите колку се тие нелогични. Натерајте се себеси да ги согледате фактите и ќе видите дека нештата не се така лоши како што изгледаат.

6. Спијат доволно

Кога спиете, вашиот мозок се обновува и се ослободува од токсичните протеини кои се собираат во текот на денот. Тоа ви овозможува да се разбудите одморени и бистри. Доколку не спиете доволно, нема да имате енергија, концентрација и потешко ќе паметите. Недостатокот на сонот исто така ги покачува нивоата на хормонот за стрес. На среќните луѓе спиењето им е приоритет.

11 навики на најсреќните луѓе

7. Имаат длабоки разговори

Среќните луѓе ги одбегнуваат озборувањата, бесмислените муабети и не ги осудуваат другите луѓе. Наместо тоа, тие се фокусираат на значајните разговори. Тие остваруваат подлабока конекција со луѓето затоа што знаат колку добро чувство добиваат од тоа и колку многу работи можат да научат на овој интересен начин.

8. Им помагаат на другите

Помагањето не само што ве прави вам среќни туку и ги прави среќни сите околу вас. Според едно истражување на Универзитет Харвард, вработените кои помагале биле 10 пати пофокусирани на работата и имале 40% поголеми шанси да добијат унапредување. Сѐ додека не заборавате да си посветите време и себеси, помагањето на другите луѓе несомнено ќе има позитивно влијание на вашето расположение.

9. Се трудат да бидат среќни

Никој не се буди среќен секој ден. Ниту најсреќните луѓе не се исклучок. Тие само вложуваат повеќе труд од останатите. Тие знаат колку е лесно да се заглави во рутината ако не водите сметка за сопствените емоции или не се обидувате да останете среќни и позитивни. Среќните луѓе секогаш го оценуваат нивното расположение, а одлуките ги донесуваат во зависност од тоа што ги прави навистина среќни.

10. Ги прават работите лично

Среќните луѓе не се препуштаат на технологијата освен ако навистина нема потреба за тоа. Човечкиот мозок е наменете за човечка интеракција и среќните луѓе ако треба ќе отидат и на другиот крај од градот за да ги видат нивните пријатели.

11. Имаат развиен начин на размислување

Размислувањето може да биде фиксно или развиено. Луѓето со фиксен начин на размислување веруваат дека не можат да се променат. Тоа им создава проблем кога треба да се соочат со некој предизвик, бидејќи она што нема да можат веднаш да го решат ќе направи да се чувствуваат безнадежни и неспособни. Луѓето со развиен ум веруваат дека можат да се подобрат со малку труд. Тоа ги прави посреќни бидејќи подобро се справуваат со тешкотиите. Тие ги прифаќаат предизвиците и ги гледаат како можности да научат нешто ново.

Тешко е да се одржи среќата, но вреди да се инвестира во вистинските навики. Доколку примените неколку од овие навики, веднаш ќе забележите голема разлика во вашето расположение.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар