11 начини на кои Вилијам и Кејт го прекршуваат кралскиот протокол

11 начини на кои Вилијам и Кејт го прекршуваат кралскиот протокол

Поминаа 5 години откако принцот Вилијам и војвотката Кејт од Кембриџ го кажаа судбоносното „да“. Меѓутоа, тие се далеку од типичен кралски брачен пар. За време на целата нивна врска тие постојано ја прекршуваат традицијата, но и покрај тоа нивните избори секогаш се прифатени со многу љубов. Ова се само неколку примери на нивното бунтовничко однесување…

11 работи со кои Вилијам и Кејт го имаат прекршено кралскиот протокол

1. Не живеат во Лондон

Да, тие имаат апартман во палатата Кенсингтон, но нивното постојано живеалиште се наоѓа на друго место. Тие всушност живеат на место кое се вика Анмер Хол во Сандрингам, Норфолк, кое се наоѓа северно од Лондон. Таму поминуваат 90% од своето време, затоа што им е блиску до работното место. Тоа што живеат надвор од градот им овозможува да пазарат во супермаркет како и сите останати луѓе.

11 работи со кои Вилијам и Кејт го имаат прекршено кралскиот протокол

2. Не извршуваат многу од своите кралски обврски

Би можело да се каже дека патувањето околу светот и појавувањето во јавност не е вистинска работа. Но, овие задачи кои се нивна одговорност не ги исполнуваат баш толку многу. Нормално би било некој на местото на Вилијам да го прави истото што Чарлс и Камила, кралицата и принц Филип и принцезата Ен го прават, а тоа подразбира присуство на повеќе од 500 настани годишно. Тие пресекуваат илјадници црвени ленти, садат дрвја, посетуваат болници и слично. Кралицата врши многу повеќе вакви работи од Вилијам, Кејт и Хари заедно. Пред да ги наречете мрзливи, имајте предвид дека ова е нивен избор со цел да имаат што понормален живот. Вилијам сепак работи смени од 10 часа како пилот.

11 работи со кои Вилијам и Кејт го имаат прекршено кралскиот протокол

3. Се појавуваат во веќе видена облека

Оние што постојано го следат кралското семејство сигурно добро ги препознаваат омилените дизајнери и модни додатоци на Кејт бидејќи ги носи цело време. Тие ја носат истата облека повеќе пат што е необично затоа што имаат неограничени финансиски средства. Ова правило важи дури и за нивните деца.

11 работи со кои Вилијам и Кејт го имаат прекршено кралскиот протокол

4. Ги воспитуваат нивните деца

Кога станува збор за малите Џорџ и Шарлот, тие не се воспитувани од страна на дадилки и помошници зад ѕидовите на палатата. Тие имаат дадилка, но Кејт сепак си ги извршува сите должности што ги има една мајка. Во овој случај, брачната двојка ги следи стапките на Дијана.

11 работи со кои Вилијам и Кејт го имаат прекршено кралскиот протокол

5. Џорџ оди на училиште

Со тоа што ги праќаат децата на училиште, Кејт и Вилијам праќаат огромна порака дека ќе го следат примерот на Дијана. Дијана ги носела Вилијам и Хари во МекДоналдс, во забавни паркови, на кино. Ги носела во клиники, детски болници, засолништа за бездомници, а истото планираат да го прават и Вилијам и Кејт.

11 работи со кои Вилијам и Кејт го имаат прекршено кралскиот протокол

6. Имаат завршено факултет

Кога сме веќе кај образованието, кога и ако Кејт биде крунисана еден ден, таа ќе биде првата кралица на Англија со диплома! Тие се имаат сретнато на факултет поради што имале навистина не-кралско запознавање и додворување. Прво биле пријатели и живееле во меурче кое ги штитело од медиумите. Си нарачувале кинеска храна, возеле велосипед и оделе во барови како и сите други.

11 работи со кои Вилијам и Кејт го имаат прекршено кралскиот протокол

7. Редовно објавуваат фотографии од нивното семејство

Постарите членови од кралското семејство немале можност да твитаат и да објавуваат работи онлајн, но оваа кралска двојка редовно објавува слики на Твитер и Инстаграм, особено за посебни прилики. Вилијам е многу срамежлив кога станува збор за медиумите, што е разбирливо бидејќи тој до одредена мера ги обвинува токму медиумите за смртта на неговата мајка. Кејт Мидлтон е поопуштена по ова прашање. Таа знае како да се справи со медиумите, а тоа го прави така што објавува слики под нејзини услови.

11 работи со кои Вилијам и Кејт го имаат прекршено кралскиот протокол

8. Кејт не е аристократка

Клучниот момент во оваа кралска романса е тоа што Кејт не е избрана поради нејзиното благородно потекло. Камила не ја одобрувала врската со Кејт и ја нарекувала рудар. Кејт би била првата кралица која потекнува од работничка класа.

11 работи со кои Вилијам и Кејт го имаат прекршено кралскиот протокол

9. Први се среќаваат со странски лидери

Фотографиите од претседателот Обама како си игра со Џорџ се повеќе од слатки. Но, никој не се запраша зошто Чарлс и Камила не биле вклучени во дружбата. Направен е голем прекршок на протоколот со тоа што дружељубивиот претседател не се видел со идниот крал. Не може да се прескокнат Чарлс и Камила. Едноставно не е во ред. Но, кралицата е таа која ги организира сите работи, па со ова можеби сака да испрати некаква порака.

11 работи со кои Вилијам и Кејт го имаат прекршено кралскиот протокол

10. Си покажуваат љубов еден на друг

Одвреме-навреме, Вилијам и Кејт се држат за рака или весело ја прославуваат победата на спортски натпревар со топла прегратка. Принцот Филип и кралицата Елизабета никогаш не можат да бидат видено како се прегрнуваат или допираат во јавност. Но, Вилијам и Кејт не се воопшто нападни. Сепак го задржуваат нивното достоинство.

11 работи со кои Вилијам и Кејт го имаат прекршено кралскиот протокол

11. Вистински се сакаат

Тие се гушкаат во јавност затоа што нивните чувства еден за други се навистина искрени. Тоа е поретко отколку што мислите. Неверството е честа појава во кралската фамилија со векови. И колку и да е депресивен тој податок, Вилијам и Кејт ја промениле плимата: Заедница од вистинска романтична љубов, наспроти брак од политички интереси. Вистински пример за целиот свет!

11 работи со кои Вилијам и Кејт го имаат прекршено кралскиот протокол


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар