11 мотивирачки цитати на Бијонсе

11 мотивирачки цитати на Бијонсе

Убава, талентирана, моќна, успешна… Бијонсе е жената која со години е во шоу бизнисот и останува гордо на музичкиот трон. Нејзината музика е моќна, гласот и перформансот незаменливи, а нејзините зборови мотивирачки. Ова се 11 цитати на Бијонсе кои ќе ве инспирираат.

11 мотивирачки цитати на Бијонсе

1. „Не сакам да се коцкам, но она на што би се обложила, е себеси“.

2. „Треба да ја преобликуваме нашата перцепција за самите себе“.

3. „Работете го она за кое сте родени. Сè што треба да направите е да верувате во себеси“.

4. „Вистински верувам дека со тешка работа се остварува која било цел. Знам дека е полесно да се каже отколку да се направи, но само продолжете да се обидувате“.

5. „Моќта не ви е подарена. Треба да ја земете“.

11 мотивирачки цитати на Бијонсе

6. „Колку ќе се цените себеси, одлучувате сами. Не треба да зависите од некој кој ви кажува кои сте“.

7. „Дозволете љубовта и почитта да ве водат и секогаш бидете добри еден спрема друг“.

8. „Кога се чувствувам лошо, го користам тоа чувство да ме мотивира да работам повеќе“.

9. „Мислам дека е во ред да бидете нервозни. Тоа значи дека ви е грижа“.

10. „Сите доживуваме периоди кога се губиме себеси. Затоа е важно да имаме пријатели кои се искрени со нас, нè држат цврсто до земја и ни помагаат да бидеме тоа што навистина сме“.

11. „Најзаводливото нешто кај една жена е самодовербата“.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар