11 магични места што биле инспирација за најпознатите анимирани филмови
Замислете си место коешто е толку убаво, што ве тера да помислите дека не му припаѓа на овој свет. Во секоја држава има барем едно место кое наликува како да излегло од бајка. Овие шармантни села, древни замоци и густи шуми им биле инспирација на многу филмски сценаристи и продуценти и им помогнале да ги создадат магичните кралства што денес ги гледаме на екраните. Сега имате можност да „прошетате“ низ нив.
1. „Убавицата и ѕверот“ (Beauty and the Beast)
Ви го претставуваме Алсак, магичниот регион во Франција познат по живописните села. Цртаниот филм на Дизни е направен според оригинална приказна на Габриел-Сузан Барбо де Вилнев, француска писателка од 19-тиот век. Малиот „провинциски град“ од кој доаѓа Бел, навистина е мал провинциски град. Продуцентите одбрале села како Колмар за да го создадат родното место на Бел, а резултатот сигурно ќе ѝ се допадне и на Габриел-Сузан.
2. „Снежана и седумте џуџиња“ (Snow White and the Seven Dwarfs)
Најстарата принцеза на Дизни е инспирирана од германска народна приказна на браќата Грим. Според некои истражувања, приказната можеби била вистина, а темната шума, џуџињата и стаклениот ковчег се наоѓале околу замокот Лор и шумата Шпесарт.
3. „Моана“ (Moana)
Џон Маск, еден од режисерите, ја добил идејата за филмот од книга која го опишувала полинезискиот митски херој Мауи. Со цел да истражува, тој патувал низ многуте рајски острови во Јужниот Пацифик. Фиџи, Самоа и Тахити се некои од островите кои ги посетил со цел да научи за културата на домородното население, но и за да го создаде неверојатниот остров на Моана.
4. „Пинокио“ (Pinocchio)
Филмот е базиран на познатата книга од Карло Лоренцини, а дејството се случува во родното место на неговата мајка – италијанското село Колоди. Бидејќи ова село му било толку значајно, авторот почнал да го користи и псевдонимот Карло Колоди. Малите куќички, калдрмите и куполите го направиле ова село совршено за приказната на Пинокио.
5. „Храбра“ (Brave)
Не е тајна дека филмот е сместен во Шкотските Гори. Средновековниот замок Дунотар, кој е опкружен со најзелениот пејзаж во светот, е совршено место за авантурите на Мерида. Не е ни чудно овде да очекувате магија, натпревари во стрелаштво и шкотски акцент.
Продолжува на следната страница…