11 луди вистински приказни за неуспеси што довеле до најголемите светски успеси

11 луди вистински приказни за неуспеси што довеле до најголемите светски успеси

Првиот дел од нашиот живот го поминуваме обидувајќи се да сфатиме што да правиме со остатокот. За жал, многу луѓе се задоволуваат со помалку од она што го заслужуваат. Најчесто причината за ова е стравот од неуспех. Но, на некои од најуспешните луѓе им биле потребни години и години за да бидат забележани и за да го постигнат она што го сакаат. Прочитајте ги овие вистински приказни кои ќе ве инспирираат да ги следите вашите соништа.

1. Кралот на рокенролот не бил отсекогаш успешен

Кога луѓето прв пат ги виделе чудните движења на Елвис Присли, тие не им се допаднале. Всушност, тој толку бил разочаран од својот прв настап што рекол дека повеќе нема да изведува. Но, кога се одлучил да проба повторно, тој конечно бил забележан. Веднаш закажал уште 52 настапи, а ова го однело до врвот на музичката индустрија.

2. Винсент ван Гог насликал повеќе од 2.000 слики

(2)11-vistinski-prikazni-za-neuspeh-koi-vodele-do-najgolemite-uspesi-kafepauza.mk

Неверојатната уметност на Винсент ван Гог може да се види во многу музеи низ целиот свет. Но, додека бил жив, тој успеал да продаде само една слика. По неговата смрт, сопругата на неговиот брат, Џоана, решила да ја сподели уметноста на Винсент со целиот свет. За жал, тој не доживеал да го види успехот и влијанието на неговите уметнички дела.

3. Принц бил жртва на дискриминација

(3)11-vistinski-prikazni-za-neuspeh-koi-vodele-do-najgolemite-uspesi-kafepauza.mk

Кога настапувал како гостин на концерт на Ролинг Стоунс во 1981 година, Принц добил многу хомофобични навреди, а публиката дури фрлала и со предмети по него. Публиката се разбира не знаела кој е Принц и не го прифаќала неговиот уникатен стил. Откако го убедиле да продолжи со турнејата, истото се повторило и на вториот настап. Но, тој не дозволил ова да го сопре. Тој се борел и станал оној Принц кој го знаеме денес.

4. 50 Сент се справил со сè што му приредил животот

(4)11-vistinski-prikazni-za-neuspeh-koi-vodele-do-najgolemite-uspesi-kafepauza.mk

Растењето во сиромаштија може секого да го одведе во живот полн со криминал. Куртис Џексон, познат како 50 Сент, имал само 12 години кога почнал да оди по грешниот пат во животот. Кога имал 19 години, требало да оди во затвор, но сепак бил испратен во камп. Откако бил пуштен на слобода, си го променил името што го потсетувало на ограбувачот на банки кој правел сè за да преживее. Откако бил застрелан во 2000 година, тој потпишал договор со Columbia Records кој бил неуспешен. Тогаш бил присилен да оди и да снима во Канада. Откако слушнал една негова песна, Еминем му помогнал да сними албум што денес е еден од најпродаваните.

5. Никогаш не е доцна

(5)11-vistinski-prikazni-za-neuspeh-koi-vodele-do-najgolemite-uspesi-kafepauza.mk

Ана Мери Робертсон е многу позната фолк артистка, но не почнала така. На почетокот Ана била голем фан на везењето, но артритисот не ѝ дозволувал да го прави она што го сака. Тогаш таа почнала да црта. На 76 години таа ја почнала нејзината 25-годишна кариера како сликар. Нејзините дела денес достигнуваат цена и до 10.000 долари.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар