11 генетски аномалии кои изгледаат прекрасно
Генетските мутации се толку комплексни што понекогаш даваат неверојатни резултати. Гените и начинот на кои не функционираат правилно прават некои луѓе да изгледаат навистина уникатно. Погледнете 11 генетски мутации кои се навистина неверојатни.
1. Витилиго
Ова нарушување предизвикува губење на бојата кај кожата, косата, па дури и ноктите. Не постои лек, но може да се забави неговото проширување. Вини Харлоу е првата манекенка со витилиго. Таа е позната по белите делови на нејзината кожа, и навистина се гордее со нив. Еден од најпознатите случаи со ова нарушување е Мајкл Џексон кој изгубил 100% од неговата пигментација.
2. Мешани близнаци
Без разлика колку чудно звучи, овие 2 девојки се идентични близнаци. Генетиката зад оваа мутација е навистина комплексна. Може да резултира со еднојајчани близнаци кои изгледаат сосема различно.
3. Пиебалдизам
Ако сте забележале некој со бело парче коса, најверојатно таа личност има пиебалдизам. Ова е ретка генетска состојба каде што на личноста ѝ недостигаат клетки наречени меланоцити. Поради ова се појавува бел дел на кожата, најчесто на челото, заедно со малку бела коса. Изгледа навистина магично.
4. Албинизам
Ова е можеби најпознатиот синдром во светот. Албинизмот може да се појави кај луѓето од сите етнички групи. Луѓето со ова нарушување не само што изгледаат различно, туку имаат и други здравствени проблеми како глувост и проблеми со видот. Во некои делови од светот, како Африка, албино луѓето секојдневно се соочуваат со опасни работи. Некои Африканци веруваат дека ако се фатат, телата на луѓето со албинизам може да се користат за магија за среќа и долг живот.
5. Синдромот Варденбург
Ова е мутација во човечките гени која резултира со личност со сини очи, но и глувост и некои други непријатни нарушувања. Не сите генетски нарушувања кои даваат привлечни особини се пријатни.
Продолжува на следната страница…