11 цитати за интуицијата: Зошто треба да им веруваме на своите чувства?
Интуицијата е психолошки феномен кој ја опишува способноста да стекнеме знаење без да го користиме разумот. Таа потекнува од инстинктите, од она што чувствуваме дека е правилно, од внатрешниот глас кој нѐ советува како да постапиме и кој треба секогаш да го слушаме и ставаме во преден план. Во тој контекст, прочитајте ги 11-те цитати за интуицијата од едни од најинтелигентните луѓе во светот.
„Морате да ја вежбате својата интуиција – морате да верувате во тој глас во себе кој ви вели што точно да кажете, што да одлучите.“ – Ингрид Бергман
„Кога гледате телевизија, тоа е како да го премачкувате своето трето око со црна боја.“ – Бил Хикс
„Интуицијата станува сѐ поважна во новото информационо општество, токму поради тоа што има толку податоци околу нас.“ – Џон Незбит
„Интуицијата е гледање со душата.“ – Дин Кинц
„Времето ви е ограничено, затоа немојте да го трошите живеејќи ги туѓите животи. Не паѓајте во замката на догмата – не живејте по рецептот на другите. Не дозволувајте буката од туѓите мислења да влијае врз вашиот внатрешен глас. И, што е најважно, имајте храброст да го следите своето срце и интуицијата.“ – Стив Џобс
„Инстинктот е нос на умот.“ – Мадам де Жирардин
„Интуицијата е свет поклон, додека разумот е верен слуга. Создадовме општество кое го велича слугата и кое заборави на поклонот.“ – Алберт Ајнштајн
„Силата на интуицијата ќе ве штити од злото до крајот на животот.“ – Лао Це
„Интуицијата е чисто сфаќање на сѐ во едно.“ – Лаватер
„Верувајте во себе. Знаете многу повеќе отколку што мислите.“ – Др. Бенџамин Спок
„Единствената навистина вредна работа е интуицијата.“ – Алберт Ајнштајн