100% чоколадно кафуле
Иако внатрешноста на ова кафуле е во кафеави тонови, називот не го добило според нив, туку поради своето специфично мени кое содржи исклучиво десерти и пијалаци во кои доминира чоколадото. Отворено е во Токио во 2004 година од познатиот јапонски слаткар Меиџи Сеика. Тој сакал да понуди нешто повеќе од обичните продавници за чоколадо, па го создал софистицираното мени на 100% чоколадното кафуле.На средината на ова „слатко“ место се наоѓа кујната, а посетителите можат да застанат од страна и да следат како се приготвува чоколадото. Откако тоа ќе им создаде желба да вкусат нешто, можат да седнат на некоја од мермерните маси и да уживаат во својот омилен вкус. Ако немаат време да чекаат, покрај ѕидовите на кафулето се наредени веќе спакувани чоколадни производи спремни за носење.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.