10 знаци кои покажуваат дека сте добро воспитана личност

10 знаци кои покажуваат дека сте добро воспитана личност

Воспитувањето се учи дома, од семејството, од родителите, бабите и дедовците и кога еднаш ќе се стекне, тоа вечно останува вкоренето длабоко во нашето битие, сѐ до самиот крај. Доброто воспитување е сложен процес што секој родител мора да го примени и да му обрнe добро внимание. Запомнете, строгоста не е гаранција за добро воспитување и понекогаш може да има дури и негативни последици. Затоа, добро е работите да се одвиваат природно и одмерено. Во продолжение, погледнете дали вие сте биле добро воспитани од страна на вашите родители…

10 знаци кои покажуваат дека сте добро воспитана личност

1. Знаете дека трпението е доблест. Не мора сѐ да добиете, сега и овде. Свесни сте за поговорката „Трпение – спасение“ и сметате дека е вистинита. Возрасните луѓе кои не биле научени од своите родители на трпение, посебно во јавноста, можат да се однесуваат исто како мали дечиња. На пример, кога се туркаат преку ред во продавница.

2. Секогаш мислите и на другите. Додека разговарате со повеќе луѓе во круг, се поттргнувате за да може личноста која стои зад вас да се вклучи во разговорот. Притоа, не им упаѓате на другите во разговор и не зборувате без да направите пауза подолго од 2 минути.

3. Свесни сте за својата околина. Кога излегувате од паркингот, на пример, и гледате дека некој го чека вашето паркинг место, вие забрзувате за таа личност пократко да чека и да не направите застој во сообраќајот.

4. Кажувате молам и благодарам. Експертите велат дека родителите мора да бидат свесни за разликата помеѓу срамежливоста и непристојноста и мора да престанат да смислуваат изговори и оправдувања за непристојното однесување на своите деца. Децата мора да научат да велат молам и благодарам без опомени и потсетници од родителите.

5. Не треба да барате од другите луѓе потврда за вашата вредност. Луѓето кои не добиле соодветно воспитување прават добри работи исклучиво само за да се фалат со тоа. Добро воспитаните луѓе ќе помогнат некому и никому нема да кажат за тоа. Нивната награда е помошта и насмевката од оние на кои помогнале, а не добивањето внимание.

6. Секогаш отстапувате место за постарите личности или бремените жени. Во јавниот превоз или чекалната, вие знаете дека е пристојно своето место да го понудите на постара личност или бремена жена. И тоа секогаш го правите.

7. Не им ја отежнувате работата на другите луѓе. Кога сте во продавница и сте одлучиле да земете нешто што сфаќате дека сепак не ви треба, вие наместо да го оставите каде било, го враќате од местото од каде што сте го зеле.

8. Емпатични сте. Тоа значи дека често се ставате во туѓата кожа, што е денес многу ретко. За емпатијата потребни се и имагинација и морална цврстина која на личноста им дава способност на самоиспитување и проценување на сопствените улоги во одредена ситуација.

9. Ги почитувате постарите. На постарите од вас се обраќате со „вие“, „госпоѓо“ или „господине“. Тоа треба да биде дел од основниот бонтон, но на многумина им недостасува.

10. Кога грешите, вие ја признавате грешката. И знаете кога не сте во право. И со другите мирно дебатирате кога не се сложувате, без конфликт, расправање, викање и кавги. Ги признавате своите грешки и се насмевнувате на тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар