10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

Малку се оние коишто не се зависни од својот телефон. Повеќето, а особено младите, се опседнати со интернет и социјалните мрежи. Секако дека користењето на телефонот носи многу придобивки, но треба да се користи разумно. Воопшто не е пријатна ситуацијата кога ги игнорирате вашите пријатели, само затоа што сте нашле нешто интересно на социјалните мрежи. Постојат уште неколку знаци коишто покажуваат дека е време малку да одморите од користење на вашиот телефон. Во продолжение ви ги издвојуваме најважните.

1. Не ја довршувате започнатата реченица затоа што ве прекинува телефонот

Позната ли ви е ситуацијата кога ќе започнете нешто да раскажувате, а притоа не успевате да се докажете затоа што имате нова Фејсбук нотификација?

(1) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

2. Постојано го проверувате телефонот

Можеби некој ве барал, а не сте виделе. Не смеете да пропуштите повик или порака!

(2) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

3. Почетната страница на социјалните мрежи ви е преполна со веќе видена содржина

Веќе знаете кој каде е и кој што споделил. Позната ви е секоја објава на вашите пријатели. Па и како не би ви била, кога последен пат кога сте биле онлајн било пред некоја минута.

(3) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

4. Го користите телефонот и во несоодветно време

Толку често го користите својот телефон што дури повеќе не внимавате дали ситуацијата го дозволува тоа. Без разлика што се случува околу вас, вие морате да бидете онлајн.

(4) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

5. Ги прашувате вашите пријатели бесмислени прашања, само за да можат да ви одговараат

Кому му е важно што разговорот нема цел, важно е вие да пишувате!

(5) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

6. Зјапате во екранот без да бидете свесни за тоа

И така повеќе пати се фаќате себеси како одново и одново непрекинато гледате во екранот на вашиот телефон.

(6) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

7. Поминувате 10 минути барајќи ги совршените емотикони

Имате толку многу емотикони на располагање што навистина ви претставува потешкотија да ја најдете совршената за одредена ситуација.

(7) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

8. Се јавувате некому на телефон туку-така

Само да ги чуете вашите најдобри пријатели или пак, да им го кажете најновиот трач…

(8) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

9. Гледате повеќе во својот телефон отколку во својот партнер

Иако сте вљубени до уши, сепак, вашиот телефон добива повеќе погледи и внимание отколку вашиот партнер!

(9) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

10. Телефонот ви паѓа на лицето

Невозможно е да се разделите од омилениот предмет дури и кога сте во кревет.

(10) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар