10 знаци дека сте вистински зависник од социјалните мрежи

10 знаци дека сте вистински зависник од социјалните мрежи

Интернетот е наследство на 20-тиот век, но сепак својата вистинска смисла и влијание ги покажува дури во овој, трет милениум. Дали би можеле да замислиме ден без компјутер, мобилен телефон или пак Интернет? Тешко. Секој од нас посакува некогаш да се одмори од сето тоа, меѓутоа, дури и тогаш кога ќе одвоиме време да здивнеме, потребен ни е телефон во близина. Она што најмногу нè врзува за сета таа технологија се секако социјалните мрежи кои не ни даваат мир. Мора да провериме кој што објавил, како некој ја прокоментирал нашата или туѓата објава, како изгледа новиот тренд кој го покренал Инстаграм и слично… Лајковите и прегледите се нижат, се зголемуваат, а со нив се зголемува и нашата зависност од сето ова. И вие најверојатно сте зависник, а доколку мислите дека не сте, тогаш проверете дали имате дел од овие „симптоми“ во вашето однесување.

1-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-vistinski-zavisnik-od-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

1. Доколку случајно се разбудите во текот на ноќта, првата работа што ќе ја направите е да погледнете дали некој објавил нешто интересно на Фејсбук, Снепчет или пак Инстаграм. Дури и да немате ниту една нотификација!

2. Секое утро, денот ви започнува така што прво го земате телефонот во раце и ги проверувате вашите многубројни профили. Најверојатно веќе имате утврден редослед по кој ги прегледувате.

3. Најверојатно сте виделе сè што може да се види на социјалните мрежи во рок од 24 часа. Признајте, не сакате да пропуштите ниту една Инстаграм објава.

4. Истовремено сте вклучени на Фејсбук од својот лаптоп, но и од својот мобилен телефон.

5. Дојдовте до крајот со бесконечното вртење на постовите и тоа повеќепати, а потоа со неверување гледавте во пораката „Не може да се вчита повеќе“.

3-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-vistinski-zavisnik-od-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

6. Можете да станете онлајн детектив! Можете да го пронајдете секој што ќе посакате. И понекогаш, сосема случајно, завршувате на профилот од најдобрата другарка на сестрата на вашето бившо момче.

7. Вашите родители/момче/девојка/пријатели повеќепати ве имаат замолено да не гледате во вашиот телефон додека седите на масата и зборувате.

8. Се грижите за тоа како изгледате на профилната фотографија на Фејсбук повеќе отколку што сакате да признаете и знаете кога е вистинското време за да објавите нешто на својот профил.

9. Додека чекате автобус или доколку некој отиде во тоалет во текот на вечерата, односно вие останете сами, веднаш го проверувате профилот на вашата омилена социјална мрежа.

10. Малку ви е мака од фактот што се пронајдовте во повеќе од половина од горенаведените знаци.

2-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-vistinski-zavisnik-od-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар