10 знаци дека сте подготвени да оставите сè и да тргнете во нова и возбудлива животна авантура
Како се чувствувате во овој момент? Дали сметате дека вашиот живот се претворил во здодевна авантура? Дали сте заборавиле како е да се биде среќен? Или пак, кога последен пат сте се чувствувале исполнето? Погледнете ги следниве 10 знаци кои укажуваат на фактот дека потребно ви е да го оставите овој живот накратко зад себе и да тргнете во нова авантура која ќе ве врати меѓу живите…
1. Ништо веќе не ве возбудува
Вие постојано се прашувате што правите во вашиот живот. Нештата кои порано ве возбудувале, денес едвај ги забележувате, па токму затоа и се чувствувате како да ја губите вашата страст. Вие сте навикнати да го вложувате вашето срце и душа во сè што правите, па токму затоа и сега се прашувате каде ви исчезнала таа енергија.
2. Сите ве нервираат
Вие уште пред да влезете во каква било социјална ситуација сте нервозни и напнати. Воопшто не се ни обидувате веќе да ги сакате луѓето. Звукот од нивниот глас ве тера да посакувате да ги удрите во лицето, бидејќи ве иритираат. Најголемиот комплимент кој им го давате на луѓето во последно време е дека не ги мразите.
3. Изморени сте од тоа што ве третираат како да сте невидливи
Вие постојано се чувствувате како сите околу вас да имаат интерна шега од која само вие не сте дел. Понекогаш мислите дека дури и вие сте таа шега, бидејќи луѓето воопшто не го ни забележуваат вашето постоење. Исто така се чувствувате потценето на работа. Никој не го помни вашиот роденден, ниту пак ги забележува вашите проекти. Се чувствувате неважно, а тоа воопшто не ви се допаѓа.
4. Повеќе време губите во барање нова работа отколку во работење на сегашната
Во истиот момент кога ќе станете за работа, вашите мисли се преплавуваат со терор. Токму затоа и барањето нова работа ви е приоритет. И покрај тоа што имате илјадници работни обврски кои треба да ги завршите во текот на денот, вие ги запоставувате со цел да ја истражувате длабочината на Интернетот за вашата нова работа, најверојатно во сосема друга насока од онаа кон која се движите сега.
5. Не го чувствувате домот како дом
Вашиот град ве задушува. Вашиот стан ве задушува. Вашиот живот ве задушува. Вие се чувствувате носталгично на местото кое треба да го наречете дом. Ја чувствувате оваа носталгија дури и покрај тоа што никаде не сте заминале. Едноставно имате потреба да избегате од сè.
6. Често излегувате сами
Со оглед на тоа што сите околу вас ги сметате за неподносливи, вие често подобро си поминувате доколку излезете сами. Едноставно немате интерес да видите никој друг, бидејќи вие сте единствената личност која можете да ја толерирате. Токму затоа и сакате да излезете сами и да најдете нова група луѓе која ќе биде сосема поразлична од оние во чии кругови се наоѓате сега.
7. Самите се саботирате
Толку многу ви е досадно, што имате потреба да ги запалите сите добри и стабилни нешта во вашиот живот. Токму затоа и почнувате караници со вашиот партнер, пријатели и семејство. Бидејќи сте длабоко несреќни, вие ги терате сите околу вас да ја делат вашата несреќа.
8. Често го истражувате светот со помош на Интернетот
Вие го поминувате целото ваше слободно време истражувајќи блогови за патување и гледајќи фотографии од места кои отсекогаш сте сакале да ги посетите. Вие дури и повеќе би сакале да планирате патување отколку да имате секс. Па, кој сака секс дома? Ако одите на пат, ќе имате секс на нови и егзотични места.
9. Не се сеќавате какво беше чувството да се биде среќен
Постојано сте лути и намуртени. Дури и да се замислите, нема да можете да се потсетите кога последен пат сте се чувствувале среќно и исполнето. Сè во вашиот живот го гледате како лошо… Но, оваа несреќа потекнува од директно од вашето јадро и се шири кон надвор.
10. Не постојат предизвици во вашиот живот
Сè во вашата секојдневна рутина изгледа монотоно. Едно време сте биле стимулирани од вашата околина, но сега едвај ги држите очите отворени. Кога не постојат предизвици, вашиот мозок почнува да се чувствува како да е опколен од магла, па затоа и ви делува како да не можете ништо да завршите.