10 знаци дека сте целосно опседнати со претстојните празници

10 знаци дека сте целосно опседнати со претстојните празници

Нова година ни тропа на врата. Всушност, има уште цел месец до овој омилен празник, но имаме чувство дека неговиот дух почнува да нѐ опседнува сѐ порано секоја година.

На излогот на продавниците можеме да видиме сијалички во декември, а уличните украси доаѓаат уште во ноември. Понекогаш е чудно кога има накитени елки во ноември, но што да се прави – мора да поминеме низ тоа.

Сепак, сите ги сакаат Нова година и Божиќ и магијата што ја носат и секој треба да признае дека почнува да размислува за празниците барем еден месец порано.

Затоа денес решивме да ги разоткриеме сите празнични манијаци! Како да ги препознаете и како да откриете дали сте меѓу нив?

10 знаци дека сте целосно опседнати со Божиќ

Еве 10 знаци кои покажуваат дека сте целосно опседнати со Нова година и Божиќ:

1. Во празнично расположение сте уште од крајот на август и веќе имате листа на подароци.

2. Целата ваша зимска облека е со снегулки, елени и е претежно црвена.

3. Слушате новогодишни песни уште во септември и си пеете „Jingle Bells“.

4. Од почетокот на ноември ја следите временската прогноза и се молите да заврне снег.

5. Вие сте онаа личност на работното место којашто сите ги потсетува дека празниците се ближат.

6. Кај вас дома уште од октомври мириса на мандарини, портокали, печена тиква и цимет, но не затоа што ги сакате, туку за да ве потсеќаат на Нова година и Божиќ.

7. Сијаличките за елката ве прават емотивни.

10 знаци дека сте целосно опседнати со Божиќ

8. Го украсувате домот уште на почетокот на декември со сите расположливи сијалички, украси и лампиони.

9. Се чудите дали да гледате „Сам дома“ по 1.648-ти пат.

10. Никој и ништо не може да го уништи вашето огромно празнично расположение? Тогаш, да, вие сте целосно опседнати со Божиќ.

Еве и неколку од најдобрите новогодишни и божиќни песни на сите времиња за поголема празнична магија!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар