10 знаци дека претерано се грижите за туѓото мислење
Во природата на човекот се наоѓа желбата да се биде свесен за целата околина. Ова знаење ни дава одредено ниво свесност и прифаќање од оние околу нас. Но, оваа желба да се знае сè што се случува во близина може да биде клучна за ниската самодоверба како и за зголемување на анксиозноста. Погледнете ги следниве 10 знаци кои укажуваат на фактот дека претерано многу се грижите за туѓото мислење…
1. Не знаете како да кажете „НЕ“
Луѓето постојано ве прашуваат за услуги и вие без никакво размислување правите сè од себе за да им помогнете. Често пати и на ваша сметка. Токму затоа многу е важно да научите дека кажувањето „НЕ“ е исто толку важно како и кажувањето „ДА“. Вие нема да ги разочарате другите доколку решите малку време да обрнете на себе.
2. Не знаете како да поставите граници
Вие не знаете како самите да си поставите граници, ниту пак како да ги поставите кон другите. Вашиот живот не е парк во кој секој може да влезе и да си игра, па токму затоа и мора да научите како да ги поставувате границите доколку сакате да престанете да се грижите толку за туѓото мислење.
3. Се грижите за она што другите имаат да го кажат
Вие сакате да знаете што другите мислат и зборуваат за вас. Вие често разгледувате списанија и поминувате толку многу време на социјалните медиуми што вашата опсесија се претворила дури и во болест. Но, што и да направите пак нема да имате моќ да ги игнорирате озборувањата, ниту коментарите, па наместо тоа им ја предавате на другите моќта да владеат со вашите мисли.
4. Секогаш ја играте улогата „жртва“
Вие сакате светот да се грижи и да има емпатија за вас. Ако нешто не е во ред, вие гласно го кажувате тоа бидејќи сакате сите да ве чујат и да ги споделат проблемите кои ги доживувате. Најчесто не одбирате пред кого зборувате.
5. Им угодувате на сите кои ги познавате
Вие барате валидација од другите така што постојано им угодувате, но колку и да се трудите никогаш нема да можете сите да ги задоволите. Вие единствено само самите можете целосно да се задоволите, па токму затоа и најпрво треба да се фокусирате на себе, а потоа на оние околу вас.
6. Барате внимание
Вие сакате да бидете забележани и сакате другите да ги привлекувате. Имајќи го тоа на ум, не сте отворени за идејата дека не можат сите луѓе на оваа планета да имаат позитивно мислење за вас, без разлика на вашето однесување. Но, вие постојано правите одлуки и активности со цел да ги привлечете сите и токму тоа најчесто завршува со разочарување од туѓото негативно мислење за вас.
7. Вие сте неодлучни
Вие не знаете како да донесувате одлуки бидејќи постојано се двоумите и не сте сигурни за следниот чекор. Всушност, најчесто сакате да чекате и ги ислушате прво мислењата на сите со надеж дека тие ќе ја донесат одлуката за вас.
8. Не го следите вашиот инстинкт
Во секој од нас постои интуиција која ни вели дали треба да направиме нешто или не. Кога премногу се грижиме за туѓото мислење, ние почнуваме да го игнорираме овој внатрешен водич и да се фокусираме само на гласот на другите.
9. Никогаш не ризикувате
Вие не сакате да бидете повредени поради вашите дела или зборови, ниту пак сакате да поттикнете негативни емоции со кои можете да повредите други луѓе. Токму затоа и секогаш играте на сигурно, градејќи кожурец околу вашиот живот. Оваа сигурна зона ве спречува да го искусите животот во целост и секојдневно сè повеќе ги затвора вашите можности.
10. Секогаш ги пренагласувате нештата
Без разлика дали станува збор за постигнувања или проблеми, вие секогаш ги преувеличувате нештата. Обожавате да зборувате за себе и сакате сите да ве чујат кога имате нешто да кажете. Но, без разлика дали сте најгласната личност во просторијата или пак, се обидувате да бидете најпаметната, вие сè што постигнувате со ова однесување е да го привлечете туѓото внимание на лош начин.