10 знаци дека можеби станувате возрасни

10 знаци дека можеби станувате возрасни

Стари сте онолку колку што се чувствувате, без разлика на вашите години. Сепак, овие неколку показатели можеби ќе ви докажат дека веќе сте влегле во светот на возрасните.

10 знаци дека можеби станувате возрасни

1. Купувате удобна и квалитетна облека наместо брендирана. Свесни сте дека фенси облеката која ќе ја купите од тренди бутиците би ја облекле еднаш или двапати, па повеќе сакате да инвестирате во попрактични парчиња кои полесно ќе ги комбинирате за разни секојдневни прилики.

2. Едвај чекате да дојде петок или сабота, но за да си останете дома. Обожавате да си се почестите со храна која сте ја нарачале со достава до дома, да се облечете во удобни тренерки и да гледате филмови додека да ви се приспие. Наредното утро наместо со мамурлак, повеќе би сакале да се разбудите свежи и да одите во теретана избегнувајќи го постојаниот нагон за повраќање.

3. Штедењето пари ви станува возбудливо скоро исто колку и трошењето. Излозите по бутиците и разните технолошки гаџети и понатаму ве примамуваат, но чувството дека ќе тргнете некој денар на страна за „црни денови“ ќе ве исполни скоро исто колку и да го купите убавиот фустан, односно 50-инчниот 3Д телевизор.

4. Одењето на гости кај родителите не ви е веќе обврска, туку еден вид задоволство. Иако не би сакале да се дружите постојано, некако почнуваат да ви годат придобивките од повременото дружење со родителите: спремен ручек, испрани алишта, завршување на работите кои вие немате време да појдете да си ги завршите сами.

5. Најдоцна си легнувате за време на викендите. Останувањето до доцна и понатаму може инцидентно да се случи во текот на работната недела, но пиењето и станувањето со двојно поголема глава во среда наутро не ви изгледа баш како добра идеја, бидејќи знаете дека ќе треба да работите цел ден со главоболка и со недостаток на сон.

6. Станувате поздрави. Важно ви е редовно да вежбате. Го регулирате внесот на витамини и минерали. Јадете повеќе зеленчук и овошје и далеку почесто успевате да им одолеете на хамбургерите и останатата брза храна. Едноставно сфаќате дека безгрижниот однос кон вашето тело од пред неколку години веќе не функционира. Ја прифаќате промената и се прилагодувате.

7. Се возбудувате кога ќе добиете подарок за домаќинство. Сè почесто кога одите во маркет, застанувате кај рафтовите за домаќински работи, но особено ве радува кога некој ќе ви подари ново тавче, блендер или модерна правосмукалка.

8. Повеќе не се грижите што мислат луѓето. Ова секако не важи генерално за сè во животот, но за некои работи како музиката што сакате да ја слушате, книгите кои сакате да ги читате и облеката во која одите на пазарење, едноставно веќе не ви грижа кој што ќе мисли. Имате сфатено дека постојат поважни работи во животот и повеќе не им обрнувате внимание на работите кои сосема ве дефинираа во адолесцентските денови.

9. Поселективно ги градите вашите врски. Веќе не ви е грижа за луѓето кои не ве почитуваат и не се добри со вас. Наместо да се заморувате со нив, сè повеќе вложувате во пронаоѓање и задржување на оние луѓе кои вас ви се допаѓаат и ви значат и кои знаете дека исто ве гледаат вас. Сакате да го поминувате времето со нив, со луѓето кои се забавни и со кои се сложувате, а не со луѓе кои ве осудуваат.

10. Полека си заминува носталгичното чувство за факултетските денови. Супер изгледаа забавите среде недела, останувањето до раните утрински часови, пиењето, секојдневното дружење со пријателите и колегите, но да се биде возрасен и зрел си има свои предности. Конечно можете да отидете на кафе сред бел ден и да разговарате за нешто друго освен за испити и колоквиуми, да работите вистинска работа и да заработувате наместо да зависите од џепарлакот од вашите родители или од келнерската плата. Се сеќавате на убавото минато, но го цените и она што го имате сега.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар