10 животни вистини од Софија Лорен

10 животни вистини од Софија Лорен

Познатата актерка Софија Лорен го прослави својот 84-ти роденден, а зад неа има успешна кариера и богат живот од кој многу научила. Софија е родена во 1934-тата година во Рим, а нејзината кариера ја започнала на 20 години.

Во текот на кариерата и животот таа постојано откривала нешто ново за себе и притоа научила многу лекции. Секоја од нив е еднакво важна. Погледнете ги 10-те животни лекции што ги научила и со нас ги споделува италијанската убавица.

„Сексапилот е 50% она што мислите дека го имате и 50% она што другите мислат дека го имате.“

„Морате да уживате во животот. Секогаш опкружувајте се со луѓе кои ви се допаѓаат и со кои можете да разговарате. Постојат толку многу позитивни работи за кои треба да размислуваме.“

„Фустанот треба да биде како ограда од бодликава жица – ја остварува својата цел без да ја попречува глетката.“

„По сите овие години сè уште сум во процес на себеоткривање. Подобро е да го истражите животот и да направите грешки отколку да играте безбедно. Грешките се долгови што ги плаќате за да водите богат живот.“

„Мајката секогаш треба да мисли два пати. Еднаш за себе и еднаш за своето дете.“

„Фонтаната на младоста постои. Тоа се вашиот ум, вашиот талент, креативноста што ја поседувате и луѓето што ги сакате. Кога ќе научите да го користите овој извор, тогаш навистина ќе победите во животот.“

„Погрешно е да мислите дека штом ќе завршите со образованието, нема да научите ништо ново.“

„Вашите очи не можат да бидат убави ако никогаш немате заплакано.“

„Многу луѓе мислат дека сакаат некои нешта, но немаат ни сила ни дисциплина. Верувам дека ќе го добиете она што го сакате само ако го сакате доволно силно.“

„Мислам дека привлечноста доаѓа однатре. Тоа е нешто што го имате или го немате и нема никаква врска со градите, стомакот или полните усни.“

Прочитајте ги и овие инспиративни цитати што ќе направат да се чувствувате одлично.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар