10 животни кои имаат најсилен загриз

10 животни кои имаат најсилен загриз

Просечната јачина на загризот кај човекот е доволна за да скрши лушпа од ф’стак. Но, апсолутно таа јачина е многу послаба во споредба со најдобрите природни силни вилици, па на натпревар за најсилен гриз, луѓето дефинитивно би изгубиле.

Прочитајте кои 10 животни имаат најсилни вилици!

1. Голема бела ајкула

10 животни кои имаат најсилен загриз

Во 2008 година, тим австралиски научници користеле компјутерски симулации засновани врз рендгенски слики од черепи од ајкули и утврдиле дека големата бела ајкула може да гризне со огромна сила. Општо, силата на загризот на една ајкула зависи од нејзината големина, па помалите ајкули, оние кои се долги до 4 метри, имаат послаба вилица.

2. Морски крокодил

10 животни кои имаат најсилен загриз

Д-р Грегори Ериксон, од државниот универзитет во Флорида, направил 10 годишно истражување со кое ја мерел јачината на вилицата на 23 видови на крокодили. Најсилен бил морскиот крокодил. Најголемите влекачи растеле со должина до 7 метри и маса до 2 тони, па така силата на вилицата може да варира. Понекогаш крокодилите напаѓале чамци гризејќи ги.

3. Американски алигатор

10 животни кои имаат најсилен загриз

Американските алигатори живеат во дивината во југоисточниот дел на САД, претежно во Флорида и Луизијана, каде живеат во реки, езера и мочуришта. Просечниот машки алигатор е долг 3,5 до 4,5 метри и може да тежи до 450 кг. Овие влекачи се доволно големи за да го нападнат човекот, но тие претпочитаат да јадат риби и желки.

4. Јагуар

10 животни кои имаат најсилен загриз

За разлика од сите други големи мачки, јагуарот е вешт пливач, лови риби и желки и може да пукне оклоп од желка или армадило. Тие, исто така, се добри и во лов на копно, па ги користат своите моќни вилици за да ловат елени и крави.

5. Нилски коњ

10 животни кои имаат најсилен загриз

Многу луѓе го замислуваат нилскиот коњ како фин шакал. Реално, тоа се едни од најопасните животни во Африка и можат да бидат прилично агресивни, со нивната вилица можат да убијат лав или крокодил. Нилскиот коњ може да гризне лубеница со иста леснотија како кога човекот гризнува зрно грозје.

6. Горила

10 животни кои имаат најсилен загриз

Горилите не јадат само меки банани, тие кршат и ореви и џвакаат тврди кори. За среќа на повеќето соседи на горилата, овие животни се вегетеријанци. Но, за да ја заштитат нивната група, тие не само што ги користат шепите, туку ги користат и нивните моќни вилици кои можат да гризнат скоро сè.

7. Гризли мечка

10 животни кои имаат најсилен загриз

Меѓу мечките, гризли мечката е позната по агресивното однесување и силата. Нејзината тежина може да достигне до 680 кг. и се верува дека е способна да урне лос со еден удар со шепата. Научниците изјавиле дека нивната вилица е доволно силна за да уништи топка за куглање.

8. Хиена

10 животни кои имаат најсилен загриз

Тежината на хиените може да достигне 60 кг. Иако хиените се сметаат за чистачи на остатоци, зоолозите процениле дека во 50% од случаите овие животни се хранат и со жртви кои тие  ги убиле. Хиените се способни да се движат и до 60 км на час (просечна брзина на градски автобус). Моќната вилица и острите заби им овозможуваат да го уловат скоро секое животно – антилопа, бивол, па дури и мала жирафа.

9. Бенгалски тигар

10 животни кои имаат најсилен загриз

Бенгалските тигри живеат на Индиски потконтинент. Меѓу сите мачки, овој предатор имал најдолги заби, од 7,5 до 10 см. Тие се моќни ловци кои патуваат безброј километри за да најдат биволи, елени, свињи и други големи животни. Гладен тигар може да изеде до 27 кг месо во една ноќ, тврдат зоолозите.

10. Лав

10 животни кои имаат најсилен загриз

Лавот е шампион во раст меѓу сите големи мачки. Иако тие се социјални суштества и ловат во групи, со моќните нозе и силната вилица овие предатори можат самостојно да убијат прилично големи животни.

Можеби сакате да ги погледнете и овие 19 фотографии кои докажуваат дека и животните имаат чувства.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар