10 застрашувачки сериски убијци од Централна Европа
Изгледа постои нешто посебно во Централна Европа која воглавно ја сочинуваат Германија, Австрија, Унгарија, Полска, Швајцарија, Чешка, Словенија и Словачка. Оваа листа не се фокусира на историјата и политиката, туку на познатите сериски убијци кои ги плашеле Европејците од 19-иот век.
1. Виенскиот убиец на жени
Хуго Шенк бил роден во Австриската Империја на 11-ти февруари 1849-та година. Покрај вообичаеното крадење, Хуго ги мамел жените да му даваат пари. Живеел во Виена и им кажувал на жените дека бил полски аристократ по име Винополски. Хуго и неговиот партнер, Карл Шлосарек, ги мамеле жените да започнат врска, па дури и брак со нив, за потоа да ги силуваат и да ги убијат.
Откако ги убивале жртвите, тие заврзувале камења на нивните тела и ги фрлале во Дунав. Причината што убиствата биле очигледни е тоа што Хуго ги крадел сите пари на жртвите. Кога конечно бил фатен, виенската полиција открила дека тој комуницирал преку писма со најмалку 50 потенцијални жртви. Бил обесен во 1884-та година, а неговиот череп се наоѓа во Криминалистичкиот музеј во Виена.
2. Чудовиштето од Мартфу
Подоцна познат и како „Чудовиштето од Мартфу“, Питер Ковач убил 5 жени во период од 10 години. Неговата прва жртва бил пронајдена од полицијата на 22-ри јули, 1957-ма година. Убиецот направил пауза до 1963-та година, кога почнал повторно да убива жени во малото село Мартфу. Питер бил вообичаен убиец од страст кој ги демнел неговите жртви откако бил сексуално возбуден од нив. На 1-ви декември 1968-ма година тој бил обесен. Неговото фаќање не само што го ослободило Јанос Кирјак кој лежел 11 години за убиство што не го направил, туку ја нагласил и слабоста на Унгарската комунистичка партија која одбивала да признае дека сериските убијци постоеле во социјалистичките држави.
3. Волкер Екерт
Волкер бил роден на 1-ви јули 1959-та година во комунистичка Источна Германија. Првото убиство го направил во 1974-та година, кога имал само 15 години. Неговата жртва била девојче кое одело во исто училиште како него и кое било една година помладо. Тој ја задавил и направил смртта да изгледа како самоубиство, а возрасните со децении го прифаќале ова.
Сите негови убиства следеле иста шема – давел проститутки во разни држави. Она што му помогнало било тоа што полициите во разните европски држави не комуницирале помеѓу себе кога убивал најмногу (од средината на 1990-тите до раните 2000-ти).
Волкер ѝ бил познат на полицијата во Источна Германија и во 1988-ма отслужил 12-годишна затворска казна за силување и напад на жена. Конечно бил фатен во 2006-та година, кога камера за обезбедување го снимала неговиот камион на местото на последното убиство. Во камионот биле откриени и вознемирувачки фотографии од неговите жртви, а на некои од нив се гледало како ги мачел несреќните жени. Во 2007-ма година тој ѝ избегал на правдата и извршил самоубиство.
4. Вампирот од Краков
Роден на 18-ти декември 1946-та година во Краков, Карол Кот уште од мал покажувал знаци на морбидност. Омилена активност му била мачење мали животни. Во септември 1964-та година тој го извршил првиот напад – во една црква тој забодел нож во грбот на постара жена која била клекната да се моли. Жената преживеала. На 26-ти септември истата година тој избодел постара жена до смрт на улица во Краков. Во февруари 1966-та година, тој убил и 11-годишно девојче.
Кот бил уапсен во јуни 1966-та година, кога еден негов колега од факултет ѝ кажал на полицијата за неговите активности. Неговиот случај лутал низ правниот систем на Полска до ноември, 1967-ма година. Добил смртна казна и во 1968-ма година бил обесен. Тогаш имал само 21 година.
5. Тестот на медицинскиот помошник
Петар Зеленка работел како медицински помошник и сметал дека неговото работно место е со цел да ги тестира лекарите кои работеле во болницата. За жал, неговите тестови речиси секогаш завршувале со смрт на пациентите. Помеѓу мај и септември 2006-та година, седум пациенти кои биле на интензивна нега умреле неочекувано. Ниту една од жртвите не била во животна опасност и се очекувало да преживеат. Зеленка, кој бил одговорен за смртта на пациентите, бил уапсен во 2006-та година.
Детективите откриле дека тој им давал на пациентите лек за разредување на крвта без нивно знаење. Им го давал лекот во толку големи количини, што повеќето жртви умирале од внатрешно крвавење. Зеленка подоцна признал дека се обидел да убие уште тројца пациенти, но неуспешно. Во февруари 2008-ма година добил доживотна затворска казна.
Продолжува на следната страница…