10 загатки со слики што ќе ви покажат колку ви е развиена логиката
Дали некогаш сте посакале да бидете како Шерлок Холмс? Обично животот не ни дава многу можности да си играме детективи, освен ако не треба да го најдете вашиот клуч или шал. Но сигурно би сакале да го тестирате вашиот мозок и да дознаете за што е способен. Следниве загатки со слики ќе ви помогнат да ја тестирате вашата логика и вашето внимание.
1. Погледнете ја сликата
Двајца ловци ловеле елен. Еленот се покажал помеѓу дрвјата и потоа ненадејно исчезнал. Ловците тргнале по него, но го изгубиле. Сепак, еленот не е многу далеку. Можете ли да го пронајдете?
Одговор
2. Средба
Две пријателки се сретнале на улица.
„Здраво Алис. Каде одиш?“, прашала Џејн.
„Одам до куќата со број 23. Каде одиш ти?“, прашала Алис.
„Одам кај Сара. Таа живее во куќата со број 7.“
1. Која девојка на сликата е Џејн, а која е Алис?
2. Каде оди девојката со кратката коса?
Одговор
3. Која девојка е сопственичка на мачката?
На сликата има три девојки – Хелен, Марија и Ирена. Сите девојки си играат со мачката, но која од нив е нејзина сопственичка?
Одговор
4. Деца на екскурзија
На сликата има 5 деца. Едно од нив е Мајк кој е прв во редицата. Ако Оливија одела во близина на Макс, Алекс би бил веднаш до неговиот имењак. Каде се наоѓа секое од децата?
Одговор
5. Старици
Две старици отишле на реката за да наполнат вода за нивните градини. Која од нив ќе однесе повеќе вода?
Одговор
Продолжува на следната страница…