10 забавни финти кои ќе ви го олеснат животот во разни ситуации
Зарем не сакаме сите да си го направиме животот полесен? Еве 10 начини за тоа.
1. Ако се обидувате да ги оставите цигарите, одете 3 дена по ред во сауна. Преку потта ќе го исфрлите никотинот и ќе ви биде полесно да се откажете од пушењето.
2. Ако мислите дека некој ви дава лажен телефонски број, откако ќе го запишете прочитајте му го погрешно. Доколку потврди, со сигурност ве лаже.
3. За да си направите сами тетоважа, нацртајте ја со тенок перманентен маркер, протријте на тоа место бебешка пудра и потоа исшприцајте со лак за коса. Тетоважата би требало да ви трае 1 месец.
4. Ако џвакате мастика со ист вкус додека сте на тест, каква што се џвакале додека сте учеле, тоа може да ви го подобри помнењето.
5. Методот Помодоро дава најголеми резултати за ефикасност во учењето и работата:
- 25 минути напорна работа
- 5 минути пауза
- 20 минути – секоја трета пауза
6. Ако ве боли грлото, јадете маршмелоу.
7. Ако ви се повраќа, претходно изедете сладолед од ванила. И понатаму ќе повратите, но нема да чувствувате горење во градите.
8. Следниот пат кога ќе нарачувате помфрит од фаст-фуд, побарајте помфрит без сол. Со гаранција ќе добиете тазе пржен компир, штотуку изваден од фритеза.
9. Ова е морбидно и тешко дека ќе ви треба, но забавно е да се знае… Ако некогаш се најдете закопани живи, соблечете ја маицата и ставете ја преку устата и лицето за да не се загушите.
10. Ако имате голема количина овошје која треба да ја измиете, пикнете ја во машината за садови.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.