10 вистински приказни кои докажуваат дека вистината е позитивна страна на секоја ситуација
Понекогаш, во животот не успеваме во некои работи и не знаеме дали треба да се смееме или да плачеме во врска со тоа. Ни изгледа како судбината да си поигрува со нас, бидејќи не можеме поинаку да ја пронајдеме логиката на некои необјасниви ситуации коишто сме ги искусиле.
Во продолжение, прочитајте ги овие 10 неверојатни вистински приказни за неуспехот, на разни интернет корисници ширум светот, кои испаднало дека им донеле само среќа во животот.
1. „Нашиот сосед е нудист и неговата тераса е веднаш до нашата. Па, кога излегуваме на нашата тераса, честопати го гледаме него како седи таму тотално гол и си пие кафе. Неодамна, една пријателка ми дојде на гости и решив да ѝ го покажам прекрасниот поглед, којшто може да се види само од терасата. Излеговме, и тогаш го здогледавме мојот сосед како нè поздравува, замавнувајќи ни со весник и секако, беше повторно гол. Го поздравив смирено. Тогаш мојата пријателка ненадејно ми рече: ‘Да, навистина имаш извонреден поглед. Можам да го видам секој најситен детаљ.’ Од тој момент, мојот сосед носи шорцеви. Зборовите на мојата пријателка, веројатно ги повредила неговите чувства.“
2. „Го изгубив мојот паметен телефон. Беше прилично скап и не ми беше сеедно, но решив да не се вознемирувам премногу околу тоа. Малку подоцна, се шетав низ парк и на мое изненадување, го здогледав телефонот на клупа, но батеријата беше сосема празна, па си дојдов дома и го вклучив. Сè на телефонот изгледаше во ред, сите апликации беа по истиот редослед, но разликата беше во тоа што, ѝ припаѓаа на некоја друга личност. На една фотографија, видов дека телефонот е на момче од околу 25-годишна возраст. Од неговиот телефон, завртев на мојот телефонски број. Испадна дека и тој го нашол мојот телефон во паркот, откако го изгубил својот и мислел дека е неговиот. Од тој момент, ние станавме добри пријатели.“
3. „Еднаш, се враќав дома од супермаркетот и здогледав доста крупна жена, облечена во вечерна тоалета, како си ја шета чивавата, во близина на нејзината куќа. Кучето беше облечено во интересни виолетови комбинезони, коишто имаат циркони на грбот. Додека размислував за фактот, дека дури и кучињата се облечени подобро од мене, една голема чавка се појави, го грабна кучето за комбинезонот и го одведе во непознат правец. Се вкочанив од изненадување, а жената врискајќи ‘Приси! Присиии!’ почна да трча кон киднаперот, фрлајќи ги нејзините папучи кон него. После извесно време, таа успеа да ја спаси нејзината принцеза…“
4. „Работев во голема компанија за мобилни телефони. Се соочував со многу комплицирани клиенти, коишто многу сакаа да се расправаат за нивните расипани телефони или за проблеми со апликациите. Секогаш се обидував да им помогнам и да ги успокојам, но сепак и јас многу се нервирав. Еден ден, дојде нова клиентка, жена во своите 40-ти години, којашто започна да вриска во истиот момент кога влезе низ вратата. Потоа, ме погледна, ме фати за рака и ми рече: ‘Душо, немој толку многу да се грижиш, бидејќи во спротивно, ќе си го изгубиш здравјето’, и потоа продолжи да им се развикува на сите други вработени, но не и мене.“
5. „Цел живот, моето презиме секогаш погрешно го кажувале. Веќе се навикнав на тоа и престанав да обрнувам внимание. Но, неодамна ми се случи многу интересна ситуација, додека бев во пошта. Знаев дека мојата пратка е пристигната, но отидов лично да проверам, бидејќи немав добиено никакво известување од поштата. Додека ги пополнував моите лични информации, работникот во поштата ми рече: ‘Секогаш ги бараме адресите, според презимињата на луѓето, а ти никогаш не го доби известувањето за твојата пратка, бидејќи знаеш колку често се испревртуваат зборовите во Кина. Еве види сам!’ Погледнав, и на мое изненадување, забележав дека моето презиме беше конечно точно напишано…“
6. „Една моја другарка имаше многу голем нос. Се колебаше дали да направи пластична операција или не, и секогаш се шегуваше за тоа. Еднаш ни кажа, дека кога била во Бугарија, вратите од лифтот ја удриле директно во носот. Се смеевме за таа ситуација, до солзи. Меѓутоа, тогаш носот ѝ се скрши и мораше да направи пластична операција, а воедно реши и да го направи помал. После операцијата, нејзиното лице го изгуби шармот и таа се кае за одлуката којашто тогаш ја донесе. ‘Можеби треба повторно да го пораснам’, се шегуваше таа. Покрај сè, ми се допаѓа што сè уште има одлична смисла за хумор.“
7. „Уште кога бев дете, имав едно чудно чувство дека живеам во нечиј туѓ стан, а не во мојот. Ги прашав моите родители за тоа и тие секогаш ми се смееја. Подоцна дознав дека додека сум престојувал кај баба ми, на моја 4-годишна возраст, моите навистина земале друг стан, којшто е во истата зграда и го декорирале речиси идентично како претходниот во којшто сме живееле. Секојпат кога ќе прашав за некои нови предмети што ги забележував и за другата соба којашто помнам дека ја имавме, тие ми велеа дека сум бил мал и не се сеќавам добро на деталите. Откако ми ја кажаа вистината, ми рекоа дека криеле од мене, бидејќи не сакале да ми ги повредат чувствата! А што е со фактот, дека мислев дека сум луд изминативе 20 години? Очигледно, тоа е сосема во ред…“
8. „Бев да си купам некоја нова пудра и продавачката реши да ми помогне околу изборот, нанесувајќи ми различни тестери на мојата рака. Одеднаш, нешто се случи со една од тубичките и светла портокалова течност, силно шприцна на моите бели пантолони. Дамката не беше возможно да се исчисти со влажно марамче. Во знак на извинување, продавачката ми подари цела кеса со тестери. Можеби никогаш не успеав да ги исчистам пантолоните, но барем не морав да купувам козметички производи уште многу долго време.“
9. „Имам една познајничка, којашто отсекогаш ме нервирала со својата арогантност и пренагласена самодоверба. Но, дури и кога беше пијана, изгледаше прекрасно. Еднаш, заедно се опијанивме… Во тој момент, сфатив дека цело време сум ѝ завидувала. Бев љубоморна на нејзината самодоверба, отвореност и независност од другите луѓе и нивното мислење, па решив да го споделам тоа со нејзе. На тоа, таа ми возврати: ‘А ти си мирна како карпа, одлична сопруга и мајка, а јас сум само убаво цвеќе’. Тој разговор и двете многу нè промени. Сега имам најдобра пријателка. Оттогаш, таа стана многу поспокојна, а јас станав посамоуверена и одлично се надополнуваме една со друга.“
10. „Пред 2 години, на прослава за Нова година, си замислив желба да започнам одново во животот. На почетокот од месец јануари, ме удри автомобил. Како резултат на тоа, имав повреда на главата, операции, реанимација, рехабилитација, како и делумна амнезија и дупки во мојата меморија. Морав одново да се запознавам со моето семејство и моите родители и не можев да го препознам моето момче, па поради тоа моравме да раскинеме. Моите интереси, желби и вкусови се променија. Како резултат на тоа, се стекнав со диплома за готвач на печива, добив нова работа и се преселив на ново место. Во моментов сум бремена и очекувам дете од мојот поранешен шеф, којшто порано го мразев.“
Можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 14 вистински приказни што целиот свет треба да ги знае