10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

Храната е како гориво за нашето тело. Со храна ги создаваме и ги задржуваме нашите социјални врски, а често лекуваме и болести со промени во начинот на исхрана. Бидејќи живееме во модерно општество, имаме продавници полни со секакви видови храна и често не ни размислуваме за историјата на она што го консумираме. Но пред илјадници години, некои од најраните цивилизации на Земјата верувале дека и најосновните прехранбени продукти имаат некаква волшебна моќ. Покрај тоа што ги употребувале за лекување физички и психички проблеми, за одредени видови храна се верувало дека можат да ги вратат мртвите, да ве заштитат од зло и слично.

1. Амарант

10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

Пред 500 години, Ацтеките верувале дека амарантот има натприродни моќи. Не само што бил дел од секојдневната исхрана, туку го употребувале и во многу религиски ритуали. Користејќи мед, а понекогаш и човечка крв, Ацтеките правеле паста од зрната и со неа правеле статуи од нивните богови. За време на церемониите, статуата била разделувана помеѓу членовите на племето. Наводно, оваа паста се употребувала и за штитови, стрели и лакови кои им се давале на новородените момчиња со цел да се симболизира нивната машка одговорност. Кога Шпанците нападнале во 1519-та година, одгледувањето на амарантот било забрането, заедно со религијата на Ацтеките.

2. Артичока

10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

Артичоките се спомнуваат уште во грчката митологија. Синара била убава девојка која го сретнала Зевс. Тој ја земал на Олимп и ја направил божица. Еден викенд Синара избегала и отишла дома да ја посети мајка ѝ. Зевс толку многу се разгневил што ја избркал од Олимп и ја претворил во артичока.

Римјаните од првиот век верувале дека делови од артичоката ја лекуваат ќелавоста и помагаат во зачнувањето машко дете. Се верувало и дека артичоките се афродизијак. Па, на жените им биле забранети поради нивната сексуална моќ.

3. Лук

10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

Постојат барем две приказни за појавата на лукот во Европа. Според едната, лукот прв пат се појавил на континентот во 13-тиот век кога Марко Поло го донел од Кина. Оттаму Британците создале традиција според која закачувале лук на вратите за да се заштитат од зли духови. Но според друга приказна, лукот пристигнал во Европа пред Марко Поло. Во оваа верзија, древните Римјани употребувале лук во исхраната бидејќи мислеле дека ќе им даде сила. Го употребувале и за воспалено грло и за изгореници од сонце.

4. Краставици

10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

Краставиците потекнуваат од Индија и се одгледуваат околу 3.000 години. Една од најнеочекуваните примени на краставицата потекнува од Римската империја. Наводно овој зеленчук ја подобрувал плодноста. Па, жените ги носеле околу половината и ги ваделе откако ќе се родело бебето. Во древен Рим краставиците се користеле против глувци, за лош вид и за убоди од скорпии.

5. Кромид

10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

Знаевте ли дека кромидот е претставен на многу стари египетски уметнички дела? Овој зеленчук бил сликан заедно со пирамидите и олтарите на одредени богови. Египќаните го поврзувале кромидот со вечниот живот поради концентричните слоеви и со него ги закопувале фараоните. Исто така бил пронајден кромид во многу мумии. Според експертите, се верувало дека кромидот може да ги врати мртвите. Други сметаат дека поради антисептичките својства кои ги гледале каков волшебни, кромидот бил корисен и во задгробниот живот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар