10 видови храна коишто создаваат зависност (речиси) исто колку и дрогата
Целиот живот нè советуваат да се држиме подалеку од дрогата поради негативните последици од неа. Како што често велат, штом ќе почнете еднаш, навистина е тешко да престанете. Но она што многу од нас не го знаат е дека дрогата не е единственото нешто што создава зависност. Одредени видови храна можат да предизвикаат зависност, а некои од нив имаат ист хемиски ефект на телото како и дрогата. Резултатот е физичка и психичка зависност на одреден вид храна.
1. Колачиња
Консумирањето голем број колачиња може изгледа како навика, но тоа може да биде и резултат од зависност. Во едно истражување, Џејми Хонохан инјектирал стаорци со солен раствор или раствор со кокаин или морфиум. Потоа ги ставал стаорците во лавиринт со Орео колачиња и оризови колачиња и ги оставал да се движат слободно. Сфатил дека глувците се движеле кон Орео колачињата. Се возбудувале кога ги јаделе колачињата исто како кога биле инјектирани со дрога. Нивниот центар за задоволство бил повозбуден кога јаделе од колачињата наместо кога биле инјектирани со кокаин.
2. Пченица
Пченицата создава зависност и изгледа никој не го забележува тоа. Едно од нејзините својства е високата количина глутен. Денес постојат и здрави производи од пченица без глутен. Сепак, претераното консумирање пченица не е здраво, без разлика дали е со или без глутен.
Денешниот производ не е ист како пченицата од минато. Модерната пченица е резултат на генетски инженеринг кој се одвива околу 50 години. Содржи многу скроб, глутен и протеини што создаваат зависност. Кога се консумираат, овие протеини се разградуваат во полипептиди кои се прикачуваат на рецепторите на мозокот и создаваат зависност. Интересно е што зависноста од пченица може да се третира со исти лекови што се користат за зависност од хероин или предозирање од морфиум.
3. Месо
Месото е природен и добар извор на животински протеин. Како резултат на ова е тешко да се направи разлика помеѓу личност зависна од месо и некој кој само има потреба од протеини. Местото содржи стимуланс кој наликува на кофеинот и прави да се чувствувате задоволно. Постарото месо има поголемо количество од оваа состојка, па некои луѓе искусуваат симптоми на повлекување ако не го јадат подолго време. Најлошото е што ако сте зависни, секој пат ќе ви биде потребно повеќе месо за да ја задоволите желбата.
4. Сладолед
Зависноста од сладолед може да предизвика депресија доколку не го консумирате редовно. Во едно истражување биле скенирани мозоците на 151 тинејџер. Истражувачите им покажувале пакување милкшејк за да ја измерат желбата за пијалакот, а потоа им го давале да го консумираат. Истражувачите забележале дека тинејџерите кои консумирале повеќе сладолед во неделите пред истражувањето не биле толку возбудени за милкшејкот за разлика од другите. Како и кај потешките дроги, тинејџерите кои консумирале многу сладолед имале потреба од поголема доза за да почувствуваат задоволство.
5. Сирење
Сирењето се наоѓа во многу видови брза храна, како на пример пица, што можеби е причина зошто толку многу луѓе навистина ја сакаат. Причината е што сирењето содржи молекули на опијати кои имаат ист ефект на телото како и морфиумот. Се прикачуваат на рецепторите на мозокот исто како морфиумот и хероинот. За возврат, мозокот испушта допамин исто како кога се зема дрога. Производителите го знаат овој факт и го користат со цел да продадат повеќе од нивниот продукт.
Продолжува на следната страница…