10 важни родителски совети од полскиот писател Јануш Корчак

10 важни родителски совети од полскиот писател Јануш Корчак

Истакнатиот полски едукатор, автор за деца, доктор и активист за граѓански права, Јануш Корчак бил навистина неверојатен човек – херој кој три пати одбил да го спаси својот живот за доброто на другите. Пред Полска да биде нападната од нацистите, Јануш Корчак планирал да се пресели во Палестина. Во тоа време работел како директор на сиропиталиште и едноставно не можел да се натера себеси да ги напушти сите деца кои биле под негова закрила и да ги остави сами во Варшава. Тој решил да остане со децата и да се соочи со ужасните настани кои следувале.

10 важни родителски совети од Јануш Коржак

Во 1942, кога нацистите почнале да ги убиваат Евреите што живееле во гетото во Варшава, тој имал втора шанса да го спаси својот живот. Но, кога му се пружила можност за бегство, тој одбил. Приказната за него вели дека тој уште еднаш одбил да ги остави сирачињата кога дошло времето за депортација во смртоносните логори. Еден од офицерите на СС го препознал писателот за деца и започнал разговор со него:

Дали сте вие авторот на книгата ‘Кралот Мат Први’? Ја читав таа книга уште како дете. Одлична е. Слободен сте.“

„Но, што е со децата?“

„Децата мора да дојдат, но вие можете да си одите.“

„Грешите. Не можам да си заминам. Не се сите луѓе лоши.

Никој од сведоците на овој разговор не е меѓу живите. Ниту тие кои ги слушале неговите приказни на пат кон Треблинка, еден од најужасните концентрациони логори на нацистите, приказни со кои им го одвлекувал вниманието на преплашените деца од несреќните мисли и стравот.

Невозможно е некој да се сомнева во вистинитоста на овие приказни за Јануш Коржак. Секоја мала епизода од неговиот живот открива многу за неговата големина како човек кој би реагирал токму како што зборуваат овие приказни. Тој бил силна личност и одличен професор кој одлучил да остане со неговите деца дури и кога се соочил со гасна комора. Денот кога ја жртвувал сопствената слобода и живот за да остане заедно со неговите ученици до самиот крај.

Веруваме дека овие три приказни се доволни за да знаете сѐ за овој чесен и благороден човек со големо срце. Но покрај ова, за да го дополниме портретот на Јануш Коржак, ќе ги споделиме овие десет длабоки мисли од неговите педагошки книги, „Како да сакате дете“ и „Сакајте го секое дете“.

1. Не очекувајте вашите деца да ги исполнат вашите амбиции. Помогнете им да станат она што навистина се, а не она што вие сакате да бидат.

2. Не очекувајте дека вашето дете ќе врати сѐ што сте инвестирале во него. Вие му го дадовте животот, како тоа може да ви возврати со иста мера? Тоа ќе му подари живот на своето дете и ова е неповратен акт на благодарност.

3. Никогаш не ја истурајте вашата огорченост на вашите деца и ќе ги одбегнете разочарувањата понатака во животот. Ќе жнеете она што сте посеале.

4. Не потценувајте ги проблемите на вашите деца. Сѐ во животот ни е дадено во согласност со она што можеме да го издржиме. Не заборавајте, животот на детето е полн со предизвици исто како вашиот, па дури и поголеми, бидејќи детето нема животно искуство.

5. Никогаш не го омаловажувајте вашето дете!

6. Не заборавајте дека најважните средби во животот се средбите со деца. Обратете им повеќе внимание, бидејќи никогаш не знаеме кого носи во себе тоа дете.

7. Не бидете строги кон себе ако не можете да направите нешто за вашето дете. Само запомнете, никогаш ништо не е доволно, ако не сте направиле сѐ што можете.

8. Детето не е тиранин кој го презема вашиот живот. Тоа не е само ваша крв и месо. Тоа е драгоцен пехар на животот кој ви бил даден вас за да го запалите нивниот креативен оган. Тоа е декларација на љубовта која двајца луѓе ја делат меѓусебно, и од моментот на неговото раѓање, родителите не одгледуваат само дете, туку жива душа.

9. Научете да ги сакате и туѓите деца. Никогаш не однесувајте се кон другите деца, онака како што не би сакале да се однесуваат со вашето.

10. Сакајте ги вашите деца без разлика што се или кои се, дури и ако израснат во неталентирани и неуспешни луѓе. Уживајте во комуникацијата со нив, бидејќи децата се славење на животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар