10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењето

10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењето

Сте помислиле ли некогаш како би ви изгледал животот без сеќавања? Тоа не е возможно, нели? Сеќавањата се како мали делчиња од голема сложувалка: Заедно создаваат една голема слика на вашиот живот. Се обидуваме да ги избришеме тажните сеќавања и да ги цениме среќните, но без разлика колку и да се трудиме, нашиот мозок има свој зол план да ги зачувува сите наши сеќавања. Зошто се сеќавате на некои неважни информации, а целосно заборавате на нешто што навистина сте сакале да го зачувате како сеќавање? Во продолжение прочитајте ги овие интересни факти кои ќе ви помогнат да ја разберете логиката на вашиот мозок и ќе ви покажат како да го натерате да заборава и памети некои работи…

10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењето

1. Можете да се сеќавате на некои работи и настани само затоа што ги заборавате оние непотребните

Нашиот мозок е единствениот шеф одговорен за заборавањето и паметењето. Нашиот мозок самиот одлучува кои информации се важни и каде треба да ги зачува. Секако дека ќе се сеќавате на вашата венчавка или на некое стресно искуство што сте го имале и никогаш нема да можете да се ослободите од тие сеќавања. Меѓутоа, многу лесно ги забораваме секојдневните, здодевни настани или рутински активности. Тоа се нарекува ефект на бришење.

2. Можете да го присилите мозокот да запамети нешто

Нашиот мозок се обидува да нѐ заштити од сите непотребни информации. Доколку ги паметевме сите мали работи што ни се случуваат секој ден од животот, веројатно ќе полудевме. Меѓутоа, ако навистина сакате да запаметите нешто, можете одвреме-навреме да си ја повторува ситуацијата или настанот, како да му ја кажувате некому. Тоа е одличен трик кој ќе го натера мозокот да мисли дека таа епизода е важна за вас.

3. Можете да се навратите на некоја информација без воопшто да знаете дека сте ја имале

На пациент кој страдал од амнезија му била дадена листа на зборови да ги запамети. По неколку обиди, тој не успеал во тоа. Меѓутоа, кога му била дадена листа на реченици со празни места да ги пополни со зборовите што ги видел претходно, тој ги погодил сите! Како е можно тоа? Вистината е дека нашиот мозок памети работи, а ние не го ни забележуваме тоа. Кога ќе ви биде потребна некоја одредена информација, може да останете изненадени од фактот дека вие цело време всушност сте ја имале таа информација.

10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењето

4. Мозокот ги поврзува новите информации со искуства од минатото

Нашиот мозок постојано ги поврзува новите информации со нашите искуства од минатото. Не сте го забележале тоа? Сетете се на последниот пат кога сте читале книга или сте гледале телевизија. Кога ќе видите некоја нова актерка, веднаш се обидувате да се сетите дали сте ја виделе некаде претходно. Или додека читате книга, постојано ги споредувате случките од животот на главниот лик со вашите лични искуства. Колку сте поискусни, толку подобра меморија имате.

5. Доколку ви е тешко да запаметите нешто, користете слики

Оваа техника претежно ја користат луѓето со фотографска меморија. Тие ја трансформираат потребната информација во визуелна секвенца од слики. И вие можете да го пробате овој метод, само поврзете го сеќавањето со некоја слика во вашата глава. Ако имате жива имагинација, ќе ви биде лесно да го примените овој метод и ќе видите колку е ефективен.

6. Ако се обидувате да запаметите нешто важно, ставете го светот на нечујно

Секој звук од околината, дури и пријатните звуци, му пречат на мозокот да ви ја даде информацијата која ви треба во моментот. Во такви ситуации мозокот не е сигурен дали треба да ги памети тие звуци или треба да поврати некоја одредена информација. Така што, ако навистина сакате да се сетите на нешто, бидете сами во апсолутна тишина.

7. Мозокот подобро зачувува информации по оброк или ако сте под стрес

Гликозата која ја добиваме од квалитетен појадок или ручек ја активира нашата меморија и ни помага полесно да ги запаметиме работите. Истиот ефект може да се добие кога сме под стрес. Емотивните и стресните ситуации се добар поттик за процесот на паметење.

10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењето

8. Доколку во текот на вашиот живот повеќе се занимавате со ментална работа отколку со физичка, веројатноста е дека вашата меморија засекогаш ќе остане свежа

Според истражувањата, универзитетските професори лесно можат да се сетат на одреден параграф од нивните предавања дури и кога се во пензија. Од друга страна, пак, луѓето кои се занимаваат со физичка работа имаат проблем да се сетат на работите кога ќе остарат. Никогаш не е доцна да се впуштите во некое научно патување и да ѝ дадете шанса на вашата меморија, нели?

9. Можете да запаметите зборови и броеви со помош на звуци

Австрискиот лингвист и преведувач, Ханс Еберстарк, користел негов сопствен метод за да запамети зборови и броеви. Тој се концентрирал на тоа како звучат зборовите, а не како се пишуваат. Откако ќе го слушнете зборот, поголеми се шансите дека ќе го запаметите дури и да не знаете што значи. Што се однесува до зборовите, пак, тој успеал да изговори 11.944 последователни бројки кои се содржат во Пи само од сеќавање. Тој подоцна објаснил дека успеал да ги запамети тие работи со тоа што бројките ги заменил со букви. На пример, осмицата може да се запамети како В, бидејќи В-то личи на половина 8.

10. Тешката депресија и постојаниот стрес може да ја уништат меморијата и мозокот

Добро запаметете го ова и следете го следниов совет: Без оглед на тоа каква е ситуацијата, смирете се, земете воздух и помогнете му на мозокот да најде решение. Верувајте дека ќе најде.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар