10 ужасни факти за хирургијата во Викторијанската ера
Навистина не размислуваме колку сме среќни сè додека не дознаеме нешто за хирургијата во Викторијанската ера. За високата стапка на смртност во овој период се пишувало во весниците и во медицинските списанија, а дури и најздравите луѓе ретко излегувале живи од операционата сала. Па, погледнете ги овие „хорор“ факти од хирургијата во овој период.
1. Хлороформот се сметал за практичен анестетик
Денес помислата за операција без анестезија е ужасна, но ова било реалност во минатото. Во 1847-ма година во Британија се дознало за хлороформот и се користел редовно во текот на следните 50 години. Шкотскиот лекар сер Џејмс Симпсон сфатил дека може да му најде практична примена. Тој измислил маска која ја потопувал со хлороформ и ја ставал на лицето на пациентот. По само неколку минути подготвување, започнувала операцијата. Со текот на времето се намалила употребата на оваа хемикалија како анестетик.
2. За запирање на крвавењето се користело загреано железо
Кога во овој период некој имал обилно крвавење од рана, тоа се решавало со загреано железо. Очигледно, овој метод не бил воопшто пријатен. Научното списание „Филозофски трансакции на кралското општество“ имало напишано текст за оваа процедура во 1670-тите, па дури и го опишале целото искуство како „забавно“ за пациентот.
3. Многу од операциите резултирале со смрт
Операциите во Викторијанската ера биле смртоносни, но не поради хирурзите. Всушност, постоел голем ризик од појава на инфекција по завршувањето на операцијата. Наводно хирурзите никогаш не ги чистеле инструментите, ниту пак ги миеле нивните раце. Покрај тоа самите операциони маси ретко биле чистени. Хирурзите всушност верувале дека лошиот мирис од раната бил знак за зараснување наместо за бактериска инфекција, па стапката на смртност била објаснувана како „треска во одделението“. Дури откако хирургот Џосеф Листер предложил операциите да се изведуваат во стерилна околина, инфекциите почнале да се намалуваат.
4. Берберите биле регрутирани како хирурзи во време на војна
За време на војните берберите имале повеќе работа отколку само пострижување – тие биле регрутирани како хирурзи и од нив се очекувало да оперираат на ранетите војници. И покрај тоа што немале никакво знаење, ниту тренинг, тие морале да вадат заби, да пуштаат крв и да изведуваат најосновни хируршки зафати.
5. За вадење крв се користеле пијавици
Срцето пумпа 5 литри крв низ телото за само една минута, а големото губење крв може да води до шок, па дури и смрт. За среќа, нашето тело има механизам за згрутчување на крвта со цел да се спречи ова. Но во Викторијанската ера древното пуштање крв сè уште било во употреба. Хирурзите користеле живи пијавици кои ја цицале крвта од пациентите. Овој „лек“ бил опасен бидејќи предизвикувал анемија, но лекарите го занемарувале тој факт илјадници години наназад.
Продолжува на следната страница…